Дебрене
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дебрене — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Дебрене се наоѓа на 2 километри североисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 535 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 658 км2.
Историја
Селото се споменува во 1365 година во опис на манастирот Света Богородица во Мелник, издаден од деспотот Јован Углеша, во врска со поседувањето на оваа територија од страна на манастирот[1].
Османлиско Царство
През XIX век Дебрене било чисто македонско село, кое припаѓало кон Мелничката каза на Отоманското Царство. Црквата „Света Недела“ била изградена во 1844 година.[2] Во 1860 година било отворено приватно училиште година, а од Голешово бил поканет еден свештеник,[3] да ги поучува децата на побогатите семејства во црквата „Света Недела“. Ова училиште опстојувало две години, по што селото останало без училиште пет години. Потоа во селото предавале Ризо Панев и Тодор Божинов.[4] Во 1873 година, преродбеникот Петар Сарафов отворил ново училиште во селото. Тука тој применил некои педагошки иновации и изградил посебна училишна просторија.[5]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебрен (Débren) е село со 102 семејства и 340 Македонци[6][7].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Дебрене, село на СЗ од Мелник, 3 часа растојание. Патот не е рамен. Изградено е во подножјето на Бождовска планина од десниот брег на една притока на Бистрица. Една ливада која е сосема мала, до реката: нивите им се наоѓаат во Лешница и Поленица. Црква „Св. Недела“, една од најстарите во околните села. Во црквата се чита мешано. Сега нема училиште; пред една година имало бугарско училиште, кое го отворил П. Тренов од Гајтаниново. 85 куќи, само Бугари.[6][8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 560 жители, сите Македонци[6][9]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 520 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученици[6][10].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 12 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[11].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Население[6][12]
![]() |
Личности
- Родени
- Георги Коцев (1886 – ?), македонски револуционер, деец на ВМОРО
- Коста Ризов (1919 – 1946), македонски револуционер, деец на ВМОРО
- Ризо Панев (1851 – 1920), македонски деец
- Тодор Божинов (1854 – 1944), македонски деец
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads