Десетичен броен систем

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Десетичен систем (декаден или децимален систем) — броен систем кој како основа го има бројот 10[1] и претставува најзастапениот броен систем во светот.[2][3]

Кратки факти Бројни системи кај разнинароди и култури, Индоарапски броеви ...

Десетичен запис честопати се однесува на положбениот запис со основа 10 како што се познатите индоарапски бројки; покрај ова, може да се однесува поопшто и на неположбените системи како римскиот и кинескиот, кои исто така се на основа 10.

Децимали се однесуваат и на десетичните дропки, било посебно или наспроти простите дропки. Во овој контекст, децималата е десетти дел од нешто, т.е. последоватални десетки од една целина.

Разни стилови на претставување на „арапските бројки“
Европски потомок на западноарапските) 0123456789
Arabe occidental-Indien ٠١٢٣٤٥٦٧٨٩
Источни индоарапски (персиски и урду) ۰۱۲۳۴۵۶۷۸۹
Деванагари (хинди)
Тамилски
Remove ads

Десетичен запис

Десетичниот запис е претставување на бројките во броен систем на основа 10. Такви примери се римските, брамските и кинеските, како и индоарапските бројки што се користат во европските јазици. Римските бројки имаат симболи за десетичните множители (1, 10, 100, 1000) и помошни симболи за нивните половини (5, 50, 500). Брамските имаат симболи за девет броја (1–9), девет десетки (10–90) и симболи за 100 и 1000. Кинеските имаат симболи за 1–9 и дополнителни симболи за степени на 10, што денес достигнуваат 1044.

Меѓутоа, кога оние што користат индоарапски бројки зборуваат за десетичен запис, тие не го подразбираат само гореопишаниот десетичен запис, туку и десетичните дропки - сите претставени како дел од положбениот систем. Положбените десетични системи имаат нула и користат симболи (наречени цифри) за десетте вредности (0, 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, и 9) за претставување на било кој број, без оглед на неговата големина. Со нив се користи и децимална запирка која го означува почетокот на дробниот дел, како и симболите за позитивност и негативност (+ и −) пред бројот за да се означи дали тој е поголем или помал од нула.

Положбениот запис ја претставува секоја десеткратност со по едно место: единици, десетки, стотки, илјадарки итн. Положбата на секоја цифра во рамките на бројот го означува множителот (десеткратноста) помножен со таа цифра—секоја положба има вредност десетпати поголема од следната десно од неа. Постојат барем два независни извори за потеклото на положбениот систем: кинеските стапчиња за сметање и индоарапскиот систем (кој потекнува од брамскиот).

Најверојатно е дека логиката на системот се десетте прсти на рацете, на кои броеле првобитините цивилизации.

Цифрите што денес се користат ширум светот се нарекуваат „арапски“ меѓу Европејците и „индиски“ кај Арапите (бидејќи Европејците го научиле од Арапите, а самите Арапи од Индијците). Постои разлика во симболите на цифрите: западноарапските (од кои потекнуваат европските) изледаат речиси сосем различно од оние во сите други арапски предели (заклучно со официјалните во арапското писмо).

Десетични дропки

Десетича дропка (децимална дропка) е дропка чиј именител е десеткратен.

Десетичните дропки се изразуваат без именител, туку со вметнување на децималната запрка во броителот (со или без почетна нула) во местото оддесно што одговара на дадената десеткратност на именителот: 8/10, 83/100, 83/1000 и 8/10000 се изразуваат како 0,8, 0,83, 0,083 и 0,0008. Англофонските, азиските и многу латиноамерикански земји користат точка (.) или подигната точка () наместо запирка.

Целобројниот дел на децималниотброј стои лево од запирката. Десно од запирката е остатокот (дробнниот дел). Кога се претставува како посебен број, вредноста се пишува со почетна нула. Од особена важност кај негативните броеви е разликувањето на дробниот дел на записот од дробниот дел на самиот број, бидејќи второспоменатиот има свој децимален симбол. Вообичаено е децималните броеви со апсолутна вредност помала од еден да имаат почетни нули.

Завршните нули на десната страна на децималната запирка не се неопходни, туку во науката и техниката служат за да искажат прецизност: иако 0,080 и 0,08 се бројчено исти, во инженерството 0,080 укажува на утврдена вредност со можна грешка од еден на две илјади (±0,0005), додека 0,08 укажува на вредност со можна грешност од еден на двесте.

Remove ads

Десетично сметање

Десетичното сметање во древното минато се вршело на најразлични начини: со стапчиња, на песочни табели или со сметалки.

Машинските и програмските системи на современите сметачи користат двоично (бинарно) претставување на вредностите за внатрешно работење, но многу од првобитните сметачи како ENIAC и IBM 650 го применувале десетичниот систем насекаде.[4] За потребите на информатичарите, двоичната претстава се претвора во сродниот осмеречен или шеснаесетеречен систем. Корисниците гледаат и внесуваат само десетични вредности кои системот ги претвора од/во двоична претстава,

Складирањето на децималните вредности и аритметичките пресметки кај сметачите се врши и десетично, најчесто кај податоците во облик на двоично шифрирани десетични броеви,[5] што се применуваат кај базите на податоци, но се користат и други десетични претстави (како што е новиот стандард IEEE 754 за аритметичко работење со променлива децимално место).[6]

Десетичната аритметика им дава на сметачите можност да дојдат до резултати со десетични дропки кои инаку не се изводливи со двоична претстава. Ова е од особено значење за пресметките во финансовото работење и во техниката.[7]

Remove ads

Историја

Thumb
Реконструирана римска сметалка

Многу древни култури уште од најстаро време почнале да сметаат со десетични бројки: почнувајќи од 3000 п.н.е. египетски хиероглифи користеле чисто десетичен систем.[8][9] Истото важи и за критските хиероглифи (~ 1625−1500 п.н.е.) на Минојците, чии бројки се по терк на египетските.[10][11] Десетичниот систем последователно се пренесувал на разни егејски култури од бронзеното време како оние што го линеарното писмо А (~ XVIII век п.н.е.−1450 п.н.е.) и линеарното писмо Б (~ 1375−1200 п.н.е.). Бројниот систем во класична Грција и Рим исто така бил десетичен, со дополнителна меѓуоснова 5.[12] Подоцна Архимед (~ 287–212 п.н.е.) осмислува десетичен положбен систем на основа 108 со голем потенцијал за кој тој не бил свесен.[12] Многу векови подоцна, германскиот математичар Карл Фридрих Гаус изразил жалење за ова и сметал дека науката би била многу понапред во неговото време ако Архимед ги увидел докрај сите можности на овој генијален изум.[13] Хетитските хиероглифи (од XV век п.н.е.) биле строго десетични, исто како нивните египетските и староегејските пандани.[14]

Египетските, старогрчките, римските, кинеските и првобитните индиски системи биле неположбени и затоа користеле голем број на симболи. На пример, египетските бројки има различни симболи за 10, 20 до 90, 100, 200 до 900, 1000, 2000, 3000, 4000 до 10.000.[15]

Посебен случај се кириличните бројки од старословенското писмо се посебен случај по тоа што се „квазидесетични“.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads