Димитар Гешоски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Гешоски (роден на 14 септември 1928 во Прилеп - починал на 28 октомври 1989 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во својата богата уметничка дејност остварил над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови.
Remove ads
Животопис
Димитар Гешоски учествувал во формирањето на првиот професионален драмски ансамбл во Прилеп во 1950 година. Професионалната кариера ја продолжил во Скопје како член на Драмата при Македонскиот народен театар од 1958 до 1964 година кога станал член на Драмски театар - Скопје.
Димитар Гешоски бил член на првиот изведувачки состав на Градскиот народен театар во Прилеп и бил еден од неговите најангажирани, најамбициозни и најталентирани глумци. На сцената на професионалната театарска куќа во родниот град играл скоро една деценија, по кое својата кариера ја продолжил во Скопје (Македонски Народен театар, Драмски театар и Естрада-59).
Гешоски учествувал во поголем број на театарски претстави, како: “Кралот на Бретањова’’ од Иван Цанкар, “Без вина виновник’’ од Островски, “Ружа на ветровите’’ од Шпак, “Вујко Вања’’ од Чехов, “Вејка на ветрот’’ од Коле Чашуле, “Како Џими’’, “Случајот Форестер’’ од Брикли, “Заеднички стан’’ од Добричанин и многу други.
Како еден од водечките глумци на Народниот театар во Прилеп во првата негова деценија, Гешоски повремено се занимал и со режија. Ја постави комедијата „Роднини од Америка“, реализира и една куклена претстава. Освен тоа, тој бил активно вклучен и во некои други медиуми (филмот, радиото, телевизијата).
Димитар Гешоски е добитник на неколку признанија, меѓу кои и на наградата „13 Ноември“.
Remove ads
Филмографија
Гешоски има остварено бројни филмски улоги:[1]
Remove ads
Награди
- 1966 - 13 Ноемвриска награда за камерата во филмот за Киро Билбиловски Нели ти реков Архивирано на 28 септември 2007 г.
- 1984 - ФЈИФ, Пула, Награда за најдобар плакат за Владимир Боројевиќ
- 1984 - МФФ, Лос Ангелес, Трета награда за филмскиот плакат за Владимир Боројевиќ
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads