Оловна бригада (филм)
филм From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Оловна бригада“ — македонски игран филм од 1980 година, снимен според сценариото и во режија на Кирил Ценевски. Филмот е во производство на Вардар филм и Македонија филм од Скопје, снимен во техника на широк екран, во боја и трае 115 минути.[1]

Remove ads
Екипа на филмот
Главните улоги во филмот ги толкуваат Коле Ангеловски, Павле Вуисиќ, Миља Вујановиќ, Дарко Дамевски, Миралем Зупчевиќ, Ацо Јовановски, Мето Јовановски, Благоја Спиркоски - Џумерко, Данчо Чевревски и Илија Џувалековски. Снимател на филмот е Драган Салковски, директор на фотографијата е Мишо Самоиловски, а музиката ја напиша Илија Пејовски.[1]
Улоги
Глумец | Улога |
Миралем Зупчевиќ | Лазар |
Дарко Дамевски | Благоја |
Миља Вујановиќ | Душица |
Павле Вуисиќ | Мирко |
Ацо Јовановски | Сило |
Благоја Спиркоски-Џумерко | Коста |
Мето Јовановски | Петре |
Коле Ангеловски | Стево |
Јорданчо Чевревски | Диме |
Илија Џувалековски | Љубен |
Мајда Тушар | Маре |
Гоце Влахов | |
Сабина Ајрула | |
Марин Бабиќ |
Останати улоги ▼
Remove ads
Содржина на филмот
Дејствието се случува во зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам, но во еден момент злокобното завивање на сирената ја прекинува работата. Тројца рудари, кои доаѓајки на работа од околните села, останале завеани во снежните сметови. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.
Едно од окната во рудникот, окното 815, е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со сончева енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот, тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Тој како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува.
Во рудникот доаѓа до одрон во еден коп. Рударите се фатени во стапица. Причината за несреќата е експлозијата предизвикана од крадците на ретките минерали. Затрупаните рудари се обидуваат да најдат излез од подземните ходници. Групата се раздвојува и на тој начин уште повеќе се потенцира антагонизмот помеѓу интересите на обичните рудари и интересите на директорот на рудникот, кој исто така се наоѓа во окното за време на несреќата. Тоа е можност да се расчистат некои стари сметки помеѓу него и најстариот рудар Благоја. Конечно рударите го расчистуваат одронот и излегуваат од окното.
Remove ads
Награди
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads