Димитар Делчев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Николов Делчев, познат како Мицо Делчев ( 1879 во Кукуш — 4 февруари 1901 во Бајалци) — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.[1][2]
Remove ads
Животопис


Димитар Делчев е роден 1879 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Се родил како втор син на Никола Делчев и Султана Делчева, а негови браќа се Гоце, Милан и Христо Делчев. Димитар Делчев, основно обрзование завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што се приклучил во Организацијата, учествувал во неколку терористички акции, а исто така и во бунтот на учениците против самоволието на директорот и на некои професори од егзархиската гимназија. Поради тоа бил исклучен од неа во 1896 година. Во Дупница, каде што го продолжил образованието, во домот на Никола Малешевски, кај кого престојувал, се запознал со со повеќе членови на ВМРО и комити.[1][2] Летото 1900 година се вклучил во четата на Христо Чернопеев и бил еден од најмладите комити во неа. На 4 февруари 1901 загинува во првата поголема борба, која ја имала четата против турскиот аскер кај селото Бајалци, Гевгелиско.[1][2][3][4]
Кога на Гоце Делчев му соопштиле за смртта на Мице, тој само запрашал: „Се држеше ли херојски брати ми?“ Бил горд од одговорот за храброста на брат му Димитар (Мицо) Делчев.[1][2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Книжевност
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads