Никола Делчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Никола Делчев
Remove ads

Никола Димитров Делчев (28 април 1844 - 6 март 1920) — македонски општественик од Кукуш и татко на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Женет со Султана од село Морарци, Кукушко, имал 5 ќерки: Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена, и 4 сина: Гоце (Ѓорѓи), Мицо (Димитар), Милан и Христо.

Кратки факти Роден, Починал ...
Thumb
Никола Делчев на стари години
Remove ads

Животопис

Никола Делчев бил меанџија. Покрај куќата, поседувал дуќан, околу шест декари лозје, од кои сам правел вино и ракија, како и околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотина овци (околу 600-700).

Гоце Имов, пријател на Гоце Делчев, во своите Спомени [1], истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Сер и Солун.

Бил активен во општествениот живот на Кукуш.

По Балканските војни емигрирал во градот Горна Џумаја, Пиринска Македонија.[2] Бугарската држава му дала на Никола Делчев народна пензија за заслугите на неговите синови за слободата на Македонија.[3]

Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви поединци.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads