Димитрич
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитрич (грчки: Δημητρίτσι, Димитрици) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Дел од Македонците биле погрчени, поради што во некои извори ги претставуваат како Грци.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле околу 12 км северозападно од Нигрита и на 20 км југозападно од Сер.
Историја
Средновековие
Во 1185 г. се одиграла Битката кај Димитрич во која војската на византискиот протосеваст Алексиј Врана ја поразила норманската војска на Вилхелм II Сицилиски која настапувала на исток по Пљачката на Солун.
Во Отоманското Царство
Во XIX век и почетокот на XX век Димитрич било село во Серската каза.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димитрич (Dimitritch) има 45 домаќинства сочинети од и 100 жители Македонци и 40 муслимани.[2][3] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал опис на Димитрич, погрешно сметајќи ги жителите за Грци:
„ | Димитрич е село со мешано население; една црква, една џамија, едно муслиманско училиште; християните се Грци, муслиманите — Турци Коњари; 2 часа од Нигрита.[4] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов исто така го опишал селото, нарекувајќи ги погрчените Македонци „Грци“:
„ | Димитрич, 1 час на ЈЗ от Мерјан; земја — рамница со многу овошни дрвја. Во ова село многумина имаат чифлици. Патот е рамен, но тежок зиме; 120 куќи: 70 Грчки и 50 македонски. Има уште и дваесетина турски куќи.[5][6] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 200 Македонци христијани, 150 Турци и 350 „Грци“.[7]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Димитрич (Dimitritch) живееле 480 Македонци и во селото работело грчко училиште со 2 учители и 31 ученик.[2][8]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 570 жители кои во 1920 г. нараснале на 663 лица.[9] Во 1923 г. турското малцинство е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти од околината на Смирна и на паланката Кувуклија (денес Ѓорукле), сместена на 15 км западно од Бурса. Во 1928 г. Димитрич е претставен како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.070 жители,[9] од кои 149 лица (31 семејство) биле дојденци.[10]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
Личности
- Георги Моаџирчето (1885 – 1906) — револуционер, деец на ВМОРО
- Андон Нушкалијата (Андониос Нускалис) — четник во андартска чета[13]
- Апостол Попкостов (Апостолос Папакостас) (? – 1913) — првенец на Димитрич и јатак на андартска чета[14]
- Георги Гурмев (Георгиос Гурмис) — четник во андартска чета[15]
- Костадин Кузобабов (Констадинос Куцјабабас) — агент од II класа на андартска чета[16]
- Паскал Мерџански (Пасхалис Меряклис) — агент од III класа на андартска чета[17]
- Христодул Ангелов (Христодулос Ангелопулос) — агент од II класа андартска чета[18]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads