Димонци (Кукушко)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димонци или Димуча ([Άγιος Χαράλαμπος, Агиос Хараламбос, до 1926 Δημούτσα, Димуча] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help))[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 23 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во Дојранската котлина. Селото се наоѓа на надморска височина од 310 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димонци се состоело од 36 семејства и 48 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Саламаново имало 70 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 64 Македонци.[6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија во Струмица и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Агиос Хараламбос.[7]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 78 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 206 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 366 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 232 жители, во 1971 година имало 165 жители, во 1981 година имало 131 жител, додека во 1991 година имало 138 жители. Денеска, населението на селото е 163 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads