Димче Кичевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димче Кичевски (Бегниште, Кавадаречко, 1 декември 1950 - Скопје, 8 август 2015 ) — македонски легендарен каратист и тренер.
Животопис
Кичевски е роден на 1 декември 1950 година во кавадаречкото село Бегниште. Тој дури 21 пат бил државен првак на Македонија и двократен првак на СФР Југославија, а во 1980 година стана и балкански првак. Во 1980 година Кичевски го освоил бронзениот медал на ЕП во Австрија. Како тренер ги предводел карате клубовите Вардар и Водно, при што освоил шампионски титули на Македонија, а неговите каратисти освоиле и европски медали. Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години бил и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Последните години од животот ги поминал во кик-боксот, заедно со покојниот Љупчо Неделковски и неговата сопруга Александра, притоа судел мечеви од меѓународен карактер. Кичевски е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“[1] во 1983 година, признание кое го доделува Град Скопје. До 2013 година работел и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот бил кик-бокс судија. Починал во Скопје на 8 август 2015 година.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads