Динкелсбил

From Wikipedia, the free encyclopedia

Динкелсбилmap
Remove ads

Динкелсбил (германски: Dinkelsbühl) – град во Германија, во Баварија, во округот Ансбах и административното подрачје Средна Франконија.

Кратки факти Земја, Местоположба на град Динкелсбил во рамките на округот Ансбах ...
Remove ads

Географија

Thumb
Местоположба на Динкелсбил во округот Ансбах
Thumb
Динкелсбил

Динкелсбил е сместен на југозапад на округот Ансбах, на границата со сојузната покраина Баден-Виртемберг (окрузите Швебиш Хал и Осталб) на романтичниот пат. Низ градот тече реката Верниц.

Во седумдесеттите години на 20 век територијата на Динкелсбил е проширена со бројни општини, со што општината петкратно ја зголемила својата површина (од 14,47 км2 во 1900 година на 75 км2 денес).

Remove ads

Историја

Thumb
Фахверк-куќи од 16 век

Градот бил утврден од царот Хајнрих V, во 1305 година ги добил истите општински права како Улм и во 1351 година станал слободен царски град каков останал до 1802 година кога бил присоединет кон Баварија. Неговиот општински закон (Dinkelsbühler Recht) издаден во 1536 година и ревидиран во 1738 година, содржел значајна збирка на јавни и приватни закони.

После неговото присоединување кон Кралството Баварија, Динкелсбил станал административен центар на округ кој опстојувал до после Втората светска војна. Во 1910 година, овој округ броел 24.761 жители[2] од кои повеќе од 85% биле лутеранизамлутеранци, во 1933 година броел 23.911 жители (еврејска заедница од 106 лица[2] од кои 61 лице во самиот град Динкелсбил, во 1950 година броел 39.283 жители (за време на војната голем број на бегалци од големите градови се сместиле во округот) и 33.600 жители во 1960 година, од кои 5.500 бегалци.[2]

Remove ads

Знаменитости

Динкелсбил е средновековен интересен град со бројни стари куќи, опколен со ѕидини, кули и капии.

  • Катедрала Санкт Георг, една од најубавите германски цркви во готски стил, ја чува својата романска кула. Датира од 15 век, а во внатрешноста, во јужниот дел, се наоѓа реликвар кој ги покажува коските на св. Аврелијан и слика на главниот олтар кој прикажува едно посебно распнување (1490), каде симболите на евангелистите го красат крстот.
  • Стар кармелитски манастир во барокен стил, секуларизиран и продаден на лутеранската заедница во 1802 година, кој денес е музичко училиште.
  • Стар манастир на капучините
  • Дојчес хаус, дом на грофовите од Дрехсел-Дојфштетен, типичен за германската ренесанса.
  • Споменик на Кристоф фон Шмид (1768-1854), автор на приказни за деца.
  • Стара болница Хајлиг-Гајст, основана во 1380 година.
  • Старото градско собрание (Alt Rathaus), денес музеј.
  • Старата градска мелница, денес Музеј на третата димензија.

Демографија

Градот Динкелсбил во старите граници:

Население по години
189019001910192519331939
4.496[2]4.5734.8005.0675.1554.809

Градот Динкелсбил во актуелните граници:

Население по години
184018711900191019251933193919501961197019791989200020032009
7.569[3]7.980[3]7.282[3]7.7247.847[3]7.8907.757[3]10.714[3]10.546[3]10.71110.76110.89411.549[3]11.60511.443[3]

Збратимени градови

Динкелсбил е збратимен со[4]:

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads