Бибање

село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia

Бибањеmap
Remove ads

Бибање (служб. Бибај, албански: Bibaj) — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Бибање се сретнува во 1882 година. За потеклото на името постојат повеќе мислења:[2]

  • Се верува дека името потекнува од женското лично име Биба, што доаѓа од бибе, што означува „патка, гуска“.
  • Од името на основоположникот Бибо.
  • Од топонимот Биба(та) или од хидронимот Бибја (бара), Бибје (блато)
  • Изведено од личното име Бибан

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на источните огранки на планината Кораб, а во горното сливно подрачје на Радика.[3] Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.200 метри надморска височина. Од градот Гостивар селото е оддалечено 33,5 километри.[3]

Бибање се наоѓа во клисурата на Длабока Река, од нејзината десна страна. Некои го сметаат за маало на соседното село Нистрово, кое се наоѓа од другата страна на реката.[4]

Remove ads

Историја

Во XIX век, Бибање било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото поседува мал атар, кој зафаќа простор од 3,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина 283,8 хектари, обработливите површини заземаат 83,2 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 3,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бибање е село со 15 домаќинства и 46 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бибање живееле 122 жители, сите Албанци, од кои 32 христијани и 90 муслимани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бибање имало 36 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бибане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 36 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[9]

Бибање е мало село, коешто во 1961 година броело 81 жител, од кои 34 биле Албанци, 31 Македонец, а 15 жители Турци, додека во 1994 година имало 46 жители, од кои 44 биле Албанци и двајца жители Македонци.[3]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Бибање, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 31 жител, сите Албанци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Бибање:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Бибање се наоѓале Беличица, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото влегувало во рамките на Општина Нистрово, во која влегувале селата Бибање, Жужње и Нистрово.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0482 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Нистрово.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[12]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Од селото има патека која води до најголемиот водопад во Македонија, Корапскиот Водопад.

Редовни настани

Личности

Родени во Бибање

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads