Долама

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долама
Remove ads

Долама (турски: dolama) е машка и женска горна облека со ракави. Најчесто била изработувана од бела клашна, а дополнително украсена со црни гајтани по шавовите. Ја носело машкото мијачко население од дебарскиот регион.

Долама носена како дел од празничната носија од Струшки Дримкол
Thumb
Преден поглед
Thumb
Заден поглед

Машка долама

Долга била до под колена и се одликувала со повеќе клиње. На страните имала нашиено џебови, а долу цепови. За разлика од предниците и ракавите, кои биле украсени со црни гајтани и бикме, сите рабови биле опточени со зелена оптока. Празничната зетовска облека дополнително била орнаментирана со вез и со пулови, на лактите на ракавите со мотивот колчаци, а на предниците со мотивите петлиња и криваче.

Во некои региони (Кумановско) се среќава долама што по кројот е слична на елекот, само што има ракави. Таа била изработена од бела клашна и е долга до појасот, а на градите се преклопувала. Подоцна, во почетокот на XX в., во некои региони на Македонија започнала да се изработува од киткајка и да се полни со памук.[1]

Посебен вид машка зимска, но и зетовска облека кај Мијаците и Брсјаците била доламата. Таа се изработувала од бела волнена ткаенина и достигнувала до колената. Облеката имала долги ракави, била тесно припиена во горниот дел (до половината), а подолу се шиела со вметнување на клинови (дуљци), што ѝ давало изразено ѕвонеста форма. Доламата била украсувана со црни гајтански орнаменти и волнени копчиња. Во двете етнографски групи се среќавала и покуса верзија (куса долама) на оваа облека, исто така направена од бела волнена ткаенина со црни гајтански украси.[2] Доламата се опишува и како фустан или палто со тесни ракави и долно набрано здолниште, кое било отворено само на предната страна, со должина до глуждовите (малку над нив). Овој опис најмногу одговара на доламите направени од бела клашна, украсени со црни или зелени гајтани, кои биле дел од машката селска облека во западна Македонија.[3]

Remove ads

Женска долама

Носиите што се носеле во градските средини (Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Прилеп, Велес, Кратово, Штип и др.) биле поделени во два типа : ала турка и ала франга. Како еден од основните елементи на ала турка носијата (која се носела до шеесеттите години на 20-ти век) била доламата. Таа, во овој состав, се јавувала во три варијанти: обична долама, златна долама и чепкен долама.

Доламата претставувала горна облека, во горниот дел тесно прилепена до телото, а надолу се ширела ѕвонесто до колената. Најчесто се изработувала од темноцрвено кадифе и била украсена со срмени ширити и гајтански украси. Златната долама се разликувала од обичната според богатството на украсите – целата површина на кадифето била покриена со апликации од срма, по што и го добила името. Чепкен-доламата, пак, по форма била иста како златната, но се одликува со пришиени декоративни ракави, богато извезени со срма, кои слободно висат покрај рацете.

Во однос на кројот, доламата се разликувала од џубето – таа била потесна и пократка, додека џубето имало поширок крој и поголема површина за нанесување срмени украси. Поради сложеноста на изработката и богатата декорација, доламата се сметала за една од најелегантните и најценети облеки, а разликите во кројот и должината, според некои мислења, произлегуваат токму од различниот декоративен потенцијал на обете облеки.[2]

Со текот на времето, овој тип градска облека започнал да се прифаќа и во селските средини, при што се појавиле варијанти на џубиња, изработени од волнени, рачно ткаени материјали и украсени со волнени гајтани. Овие облеки се среќаваат во машката и женската носија, најчесто како дел од свадбената или свечената облека. Во руралните предели може да се сретнат и под имињата долама и зубун. Жените од Струга, Ресен и нивната околина носеле џубиња или зубуни со сличен крој и срмена орнаментика, обложени со крзно и изработени од истите градски занаетчии.[4]

Во Мавровско Поле, бордо-црвената долама од чоја се носела како невестинска облека, додека белата клашнена долама била наменета за девојките. Очигледно е дека овој облековен елемент со турско потекло нашол свое место и во селската носија. Во македонската традиција се користеле двата термина – џубе и долама – иако често се однесуваат на исти или многу слични облеки.

Највпечатлив дел кај џубињата и доламите била нивната богата орнаментика со срмен вез. Техниката на везење со срма потекнува од ориентот, но се смета дека се развила под влијание на византиската уметност на везење со златна жица. Срмените украси ги изработувале специјализирани мајстори – срмаџии – кои работеле или заедно со терзии, или во посебни дуќани. Занаетчиите срмаџии секогаш се споменуваат во контекст на терзискиот, чохаџискиот и кафтанџискиот занает. Срмаџијата прво ги везел индивидуално искроените делови, кои потоа ги склопувал терзијата. Срмата претставувала фина сребрена жица – со или без позлата – која понекогаш се впредувала со бел или жолт конец.[3]

Remove ads

Галерија

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads