Долно Броди

село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Бродиmap
Remove ads

Долно Броди (грчки: Κάτω Βροντού, Като Вронду) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-христијани и Македонци-муслимани. Второспоменатите во изворите погрешно се водат како „Турци“.[2]

Кратки факти Долно Броди Κάτω Βροντού, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа историско-географската област Мрвачко, во југоисточното подножје на планината Црна Гора. Лежи на 17 км југозападно од Зрново и 10 км југоисточно од Горно Броди во Серско. Сместено е меѓу врвовите Горно Драган и Штудер.[3]

Историја

Среден век

Броди за првпат се спомнува во XIV век во заповед на српскиот цар Стефан Душан до велможата Рајко, управител Вронду (Броди) и Трилисион (Трлис).[4]

Во Отоманското Царство

Thumb
Црквата „Св. Тодор“ во Долно Броди

Во османлиски дефтер од 1478 г. се гледа дека тогаш Долно Броди имало 179 христијански домакинства и 6 домаќинства на „Туркмени“-муслимани.[5] Второспоменатите како многу малобројни се претопиле во месното македонско население.

Во немирните години од подоцнежниот период еден дел од населението го примило исламот.[2] Во XIX век Долно Броди било релативно големо село во Неврокопската каза на Серскиот санџак чие македонско население било верски мешано (христијани и муслимани). Било типично мрвачко село, каде до почетокот на XIX век се добивало многи руда во т.н. задми (јами) по течението на реката Опека — Османаговата, Топалмихаљовата, Ицвехтовата, Тоњовата, Граматиковата, Каравеликовата, Коешиновата, Капчината и Камбурамедовата. Жителите на селото не не оделе на печалба и во текот на целата година копале руда во присуство на вода и ако времето не било премногу студено. Единствени занаети биле печкарството и коваштвото – работата во печките и ковачниците, каде се преработувало добиеното железо. Сопствениците на задмите поседувале делови од шумата за добивање на јаглен. Најмногу јаглен се вадел во Шипајково, Алмалак и Криви Дол. Кон крајот на XIX век по реката имало само три печки во кои се топел магнетитниот песок — Долната печка (најблиску до селото), Средната и Горната.[3] До 1900 г. опстанал и последниот самоков, сопственост на селскиот чорбаџија Иван Коџабашев.[6]

По замирањето на железарството селаните почнале да се занимаваат со земјоделство и повеќе со сточарство.[6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека во 1873 г. Долне Броди (Dolné-brodi) било село со 230 домаќинства на 480 Македонци и 180 муслимани.[7][8]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Долно Броди како село со 133 македонски и 70 „турски“ куќи.[7][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало вкупно 1.570 жители, од кои 800 Македонци-христијани и 770 „Турци“.[7][10]

По 1904 г. во грчкото училиште во селото предавале учителката В. Пасхали и учителите Г. Зјогас, Георгиос Тријандафилидис, Л. Јоанидис и ќерка му Јоаниду.[11]

Во 1905 г. селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Броди живееле 1696 Макдонци егзархисти.[7] Имало бугарско основно училиште со 2 учители и 92 ученици.[12]

Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. пишува за селото:

С. Долно Броди... се намира наоѓа во пазувите на Црна Гора. Спроти селото е клисурата на св. Константин, каде исто така се добива шума. Има убави плодни земјишта кои даваат добра пченица и житни растенија.

Селото има македонски 200 куќи со 1.020 жители и турски 100 куќи со 500 лица.[7] Селяните се занимават със земеделие и скотовъдство. Черквата и училището са на високо място над селото. Черквата е хубаво здание, при което има камбанария и часовник. Училището е полупропаднато здание, кое е несоодветно.[13]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало околу 250 христијански и 140 муслимански семејства,[3] вкупно 1.437 жители.[2]

Во 1913, 1918 и 1925 г. христијанското население на селото се преселило во Бугарија.[6] Во 1920 г. во Долно Броди се попишани 1.102 лица,[2] кои потоа продолжиле да се иселуваат. Во 1923 г. Македонците-муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор.[2] Последниот голем бран на иселување во Бугарија се случил по крвавиот Трлиски инцидент од јули 1924 г. кога се иселиле 749 лица.[2] Во селото останале само 4 гркомански семејства. Денес најмногу потомци на бегалците од Долно Броди живеат во Неврокопско, Пловдив, Кричим, Пазарџик, Софија.[6] Во 1928 г. Долно Броди е попишано како чисто дојденско село со 690 жители (183 семејства).[14] Во 1940 г. во селото се заваедени 1.980 души, од кои 1263 мажи, што значи дека биле вкучени војниците од пограничниот гарнизон.[2]

Селото настрадало и во Втората светска и Граѓанската војна. По војните настапило иселување во поголемите градови.

Жителите одгледуваат жито, тутун, компири и други земојделски производи, а се занимаваат и со сточарство.[2]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

а Вбројани се војници од пограничниот гарнизон во селото.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads