Долно Власи

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Власиmap
Remove ads

Долно Власи (грчки: Εξώβαλτα, Ексовалта; до 1926 г. Έξω Βλάχ, Ексо Влах[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Долно Власи Εξώβαλτα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во источниот дел на Солунското Поле, 4 км северозападно од Пласничево и 20 км југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар), меѓу селата Врежот и Кадиново.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

В края на XIX век Долно Власи било село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно и Долно Власи живееле вкупно 330 Македонци и 40 Роми.[3][4]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи. На 14.02 го нападнав селото Власи, и како последица убиени се 3 македонски селани[5] и еден комита.[6]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. еден човек од Власи учестувал Македонско-одринските доброволни чети.[7]

Во Грција

По Втората балканска војна во 1913 г. Долно Власи е припоено кон Грција. Во 1926 г. властите го преименувале во Ексовалта. Во 1920 селото имало само 5 жители, од кои 4 мажи, а во 1928 г. повторно имало 5 жители, од кои 4 грчки дојденци. Селото било напуштено и неговиот атар е припоен кон атарот на Врежот.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads