Плугар

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Плугарmap
Remove ads

Плугар (грчки: Λουδίας, Лудијас; до 1926 г. Πλούγαρ, Плугар[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Постоело сè до 1935 г.[2]

Кратки факти Плугар Λουδίας, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Сланица во Солунското Поле, на западниот брег на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро, меѓу селата Врежот на југ и Кадиново на север.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Плугар било етнички мешано село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Плугар броел 70 Македонци христијани и 30 Роми.[3][4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Плугар (Plougar) имало 120 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).[5]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Кариотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи.[6]

Селото почнало да се распаѓа уште пред Балканските војни поради постојаното поплавување од водите на Ениџевардарското Блато.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 47 жители, а во 1920 г. опаднало на 28 лица.[2] Во 1926 г. името му е сменето во Лудијас — грчкото име на реката Колудеј. Со отпочнувањето на мелиоративните работи при исушувањето на Ениджевардарското Блато во 1930-тите, населението било приморано да се пресели во недалечното село Кадиново, а помал дел и во Пласничево. Плугар престанал да постои во 1935 г.[2]

По завршувањето на мелиорацијата, изградена е нова населба од источната страна на поранешното блато, која го добила истото грчко име, и во која се населени грчки колонисти од Турција. Тоа село Лудијас е во денешната општина Илиџиево, Солунско.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads