Врежот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врежот или Вреж (грчки: Άγιος Λουκάς, Агиос Лукас; до 1926 г. Βρες, Врес[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.013 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес има македонско малцинство и грчко дојденско мнозинство.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во источниот дел на Солунското Поле, 10 км северозападно од Пласничево и 10 км јужно од Воден.
Историја
Во Отоманското Царство
На крајот од XIX век Врежот бил село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Врежот живееле 160 Македонци и 210 Роми.[4][5] Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Врежот (Vrejot) имало 200 Македонци под патријаршијата.[4][6]
На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
„ | На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи[7] | “ |
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 330 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 268.[3] Во 1924 г. Ромите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место не биле доведени колонисти поради маларичноста на местото, сместено на брегот блатното Ениџевардарско Езеро. Во 1926 г. името на селото е сменето во Агиос Лукас, во превод Свети Лука.[8] Затоа, во 1928 г. во Врежот се попишани 158 жители, сите Македонци.[3] Во следниот период, по исцедувањето на езерото и мелиорацијата на почвата, во селото се населени голем број грчки колонисти, на кои им е доделена ослободената земја.[3]
Во 1940 г. Врежот имал 613 жители кои во 1951 г. се накачиле на 1.133 поради поволните стопански услови.[3] Населението достигнало 1.555 жители во 2001 г. за да се намали на 1.013 на пописот од 2011 г.
Remove ads
Цркви
- „Св. Лука“ — изградена во 1790 г.[9]
- „Св. Петар и Павле“ — обновена манастирска црква источно од селото[10]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото има плодна почва која целосно се наводнува. Главни проиводи се овошјето (со големи насади на праски и јаболка, памукот, житото, а се одгледуваат и расни крави.[3]
Личности
- Христо Георгиев — борец во Балканските војни[11]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads