Долно Неволјани
село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Неволјани (грчки: Βαλτόνερα, Валтонера или Βαλτόνερο, Валтонеро; до 1928 г. Κάτω Νεβόλιανη, Като Неволяни[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2011).
Remove ads
Географија
Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, 46 км јужно од Лерин и 6 км југоисточно од Ајтос. Лежи близу источниот брег на езерото Зазерци.
Историја
Во Отоманското Царство
Селото првично било населено исклучиво со Македонци, кои подоцна биле делумно истиснати од муслиманско население, па селото станало мешано во бројна полза на муслиманите.[3] Наречено е Долно Неволјани, за да се разликува од другото Неволјани во Леринскои — наречено Горно Неволјани.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за селото:
„ | Село Николјан со 50 муслимански и 10 христијански куќи. Данокот на муслиматни е 7.250 пијастри, а на христијаните — 1.010 пијастри и одделно инание-аскерие од 630 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[4] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Неволјани имало 150 жители Турци и 150 жители Роми, изоставувајќи го македонското малцинство.[5] Меѓутоа, според српскиот географ Боривое Милоевиќ во годините пред Балканските војни Долно Неволјани се состоело подеднакво од 10 македонски и 10 турски куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Неволјани се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 76 куќи.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 204 жители, кои во 1920 г. опаднале на 171 жител.[3] Во 1920-тите муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место грчката власт донела грчки колонисти од Кавказ и Власи од Епир. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојенско со 168 жители од 54 семејства, испуштајќи ги преостанатите Македонци.[7] Истата 1928 г. е преименувано во Валтонера, што значи „блатна вода“.[8]
Според истражување од 1993 година селото мешано со дојденско, словенојазично (т.е. македонско) и влашко население. Забележано е дека понтскиот грчки меѓу дојденците е зачуван на средно ниво.[9]
Remove ads
Општествени установи
- Црква „Св. Константин и Елена“, чија камбана е донесена од колонистите од Кавказ
- друштво „Проодос“ (Напредок)
- „Тиела“ (Бура) — фудбалски клуб
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото одгледува жито, тутун, компири и преработка на сточарски производи.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads