Долно Оризари (Скопско)
село во Општина Шуто Оризари From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Денес е споено со населбата Шуто Оризари, иако се води како посебно населено место.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата е сместена околу 7 км северно од центарот на Скопје, во рамките на областа Скопско Поле. На север лежи селото Горно Оризари, на запад е Визбегово, а на исток се гробиштата „Бутел“, и по нив, населбата Бутел 1. На југ е населбата Топанско Поле, на југоисток е Бутел 2, а на североисток е Радишани.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 3 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 10 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 20 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 162 жители.[3]
Remove ads
Население
Според Пописот од 2002, населбата брои 1.550 жители, од кои:[4]
Народ | Вкупно |
Македонци | 37 |
Албанци | 1389 |
Турци | 6 |
Роми | 110 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 7 |
Општествени установи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads