Визбегово
село во Општина Бутел From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Визбегово — населба во Општина Бутел, во состав на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Визбегово се наоѓа 6 километри северно од Скопје и 2 километри југозападно од Шуто Оризари. Населбата е поврзана со магистралата Скопје - Приштина (Качанички пат).
Историја
Името Визбегово по некои сознанија од старите жители потекнува од времето кога Османлиското Царство ја окупирала оваа територија. Во овој дел на денешно Визбегово владеел бег кој се викал "Визбег" па и од тука доаѓа името "Визбегово". Старите жители на Визбегово исто така раcкажаа дека бегот којшто владеел во местото на денешно Визбегово, се населил токму во овоа место, затоа што овоа место беше и остана едно од најубавите места во Скопскиот Регион.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Вејсибег било христијанско, со 17 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 64 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 146 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Визбегово живееле 90 жители Македонски христијани.[3]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 51 жител. Било дел од Општина Бардовци.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 2002 година, во селото Визбегово живеат 2.817 жители, од кои 650 Македонци, 2.069 Албанци, 3 Турци, 16 Роми, 5 Власи, 46 Срби, 14 Бошњаци и 14 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.748 жители, од кои 599 Македонци, 2.672 Албанци, 56 Турци, 88 Роми, 3 Власи, 40 Срби, 28 Бошњаци, 106 останати и 155 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Според истражувањата од 1952 година, родови во Визбегово биле:
- Македонци: Златевци (2 к.) во Визбегово, најстари се. Се сметаат за староседелци; Димовци (4 к.) дојдени се во втората половина на XIX век од селото Булачани, во Булачани им биле род Кралевци; Манџуковци (1 к.) и Врсаќевци (1 к.) доселени се од селото Мирковци. Таму имале истоимени роднини; Варварци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Варвара; Поповци (1 к.) доселени се од селото Бањане, таму имале истоимени роднини; Бибановци (2 к.) доселени се од селото Љубанци, таму имале истоимени роднини; Марковци (1 к.) доселени се од селото Ново Село, таму имале роднини Џуџевци.
Општествени установи
- Цркви[11]
- Црква „Св. Атанасиј“ - Визбегово
- Црква „Вознесение Христово“ - Визбегово - поставен камен- темелник на 27 јуни 2013 година[12]
Самоуправа и политика
Визбегово припаѓа на Општина Бутел.
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Кавгалија (Момин Поток) — некропола од доцноантичкото време и сведоштво за римско село
Личности
- Примислав Димовски — боксер, неколкукратен првак на Македонија, 5. во светот[13]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads