Долно Шел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Шелmap
Remove ads

Долно Шел или Долно Село (грчки: Κάτω Βέρμιο, Като Вермио, архаично: Κάτω Βέρμιον, Като Вермион, до 1926 година Κάτω Σέλι, Като Сели;[2] влашки: Selia de Jos, Селија де Жос) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Долно Шел Κάτω Βέρμιο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е оддалечено 22 километри југозападно од градот Негуш и 20 километри северозападно од градот Бер. Сместено е во источните пазуви на планината Каракамен на надморска височина од 1.400 метри.[3] Поради неговата надморска височина, селото е едно од највисоките села во Грција.

Атарот на селото се простира на 39 квадратни километри.[3] Над селото се наоѓа скијачкиот центар Шел („Сели“). До самиот скијачки центар води асфалтен пат од градовите Бер и Негуш, а преку планината Каракамен и со градовите Кожани и Кајлари.

Remove ads

Историја

Долно Шел, како и соседното Горно Шел, до 1822 година било населено со македонско население кое настрадало во Негушкото востание. Неговите жители кои се спасиле од јатаганите на турската војска и башибозукот биле принудени да се раселат во источна Македонија и на други места.[3]

Подоцна, во периодот 1826-1835 година тука се населиле влашки семејства дојдени од Епир, најмногу од селата Авдела и Самарина.[3][4] Долно Шел постепено прераснало во голема населба.[3]

Remove ads

Стопанство

Неговите жители во минатото најмногу се занимавале со сточарство, поради одлични и поволните услови за тоа. Денес, селото главно преживува од туризмот, особено зиме, со скијачкиот центар во негова близина.

Поради скијачкиот центар биле обновени и изградени многу куќи, планински колиби и вили. Селото поседува неколку хотели, кафулиња и ресторани.

Скијачкиот лифт бил првиот изграден во денешна Грција во 1934 година,[5] со што скијачкиот центар „Шел“ е најстар во земјата.

Население

По доселувањето на влашкото население, селото Долно Шел постепено прераснувало во голема населба, па така К’нчов го наведува како село со 3.000 жители Власи, а во пописот од 1913 година е забележано со 2.000 жители. Во пописот од 1920 година не се води како населба, бидејќи неговите жители со своите стада се наоѓале на зимување во полето. Во 1928 година е забележано со 707, а во 1940 година со 636 жители. Во пописот од 1951 година се води како напуштена населба, во 1961 година има само 5 жители, во 1971 година 97, во 1981 година 133, а во 1991 година веќе 463 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 260 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 75 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Шел, во кој Долно Шел е единственото село.

Личности

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads