Самарина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Самарина (грчки: Σαμαρίνα, влашки: Samarina) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 378 жители (2011), сите Власи.[2]
Remove ads

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа 50 км западно од градот Гребен, во источното подножје на планината Смолика во северен Пинд. Иако административно е дел од македонскиот Гребенски округ, Самарина лежи во долината на реката Војуша и географски припаѓа на Епир, а не на Македонија. Најблиски населени места се Фурка во општината Коница (Епир) на северозапад, Жужел во општината Нестрам (Костурско) на север преку планината Куркури и Филипишта (Гребенско).
Со надморска височина од 1.450 м[2], Самарина е највисокото населено место во Егејска Македонија и цела Грција.
Remove ads
Историја
Османлиско време
Самарина заедно со Мечово и Авдела се традиционално меѓу најголемите влашки населби во денешна Грција.
За големината и значењето на селото сведочи фактот што жителите зеле големо учество во Грчката војна за независност. Познато е дека 120 самаринци учестуввале во пробивот при Опсада на Месолонги под команда на Михос Флорос.
Во црквата „Св. Илија“ стои натпис од 1828 г., а во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 1829 г. се споменува митрополитот Антим II Гребенски.[3]
Во XIX век Самарина била на удар на грчката пропаганда, но во селото работела и романската пропаганда, иако во помал степен отколку во Авдела. Во 1880 г. во Самарина е отворено романско училиште по залагање на Т. Шому.[4]. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самарина имала 2.600 жители, сите Власи.[5] Познато е дека бројката на К’нчов е премала, бидејќи грчката статистика за 1904 г. наведува 3.059 жители, кои ги нарекува влахофони, од кои 52 пороманчени.[6] без притоа да им ја признае етничката припадност.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Самарина се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 902 куќи.[7]
Со Букурешки договор во 1913 г. Самарина е припоена кон грчката држава, кога имала дури 4.198 жители.[2] Како последица од Првата светска војна населението почнало силно да опаѓа. Во 1928 г. населението броело само 603 жители, но во 1940 г. успеало да се врати на 1.142 жители.[2]
Втора светска и Граѓанска војна
Самарина за кратко била окупирана од Италијанците за време на Грчко-италијанската војна, но местото вистински настрадало по Втората светска и Граѓанската војна кога е наполно напуштена[2] и останала речиси празна сè до 1970-тите.[2]
Remove ads
Население
По Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1970-тите. Оттогаш наваму, бројноста на жителите бележи пораст и повторен пад.
Жителите на Самарина денес ги има во разни краишта на светот, како и поголемите градски центри во Грција, каде водат организиран живот во здруженија и друштва.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Самарина со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Самарина, каде е единствено населено место.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads