Донечка Народна Република

самопрогласена република на територијата на Донечката област во Украина; терористичка организација From Wikipedia, the free encyclopedia

Донечка Народна Република
Remove ads

Донечка Народна Република, скратено ДНР (руски: Донецкая Народная Республика, украински: Донецька Народна Республіка) — непризнаена држава во Источна Европа. Таа била прогласена во месец април 2014 година[2] во границите на Донечката област која де јуре е дел од територијата на Украина. Географски републиката граничи со Украина на север и на запад, со Русија и исто така самопрогласената Луганска Народна Република на исток, a на југ излегува на Азовското Море.

Кратки факти Донечка Народна Република Донецкая Народная Республика (руски)Донецька Народна Республіка (украински), Службен јазик ...

Релјефот на републиката е ридско рамниште, испресечено од речните долини. Просечната надморска височина на теренот е 140 метри. Главен и најголем град е Донецк. Според статистики на владата на ДНР од 1 јануари 2018 година на нејзина територија живеат околу 2 милиони жители.[3] Службени јазици на републиката се рускиот и украинскиот,[4] додека официјална валута е руската рубља.[5]

Иако де факто постои, Донечката Народна Република не е признаена од поголемата меѓународна заедница. Таа единствено е официјално признаена од ЛНР и на 27 јуни 2014 година од исто така самопрогласената Јужна Осетија.[6] Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на ДНР може да патуваат, работат и студираат во Русија.[7] Според Украина, Донечката Народна Република е создадена и управувана од „терористичка организација“.[8]

Remove ads

Историја

Thumb
Проруски демонстрации на 7 април пред зградата на локалната управа во Донецк
Прогласување

Како резултат на проруските немири во Украина во 2014 година, на 6 април проруски сепаратисти упаднале во зградата на локалната управа во Донецк[9][10] и повикале на вонредна седница на Донечката област на која ќе се закаже референдум за соединување на областа со Русија, сличен на оној во Крим, а во спротивно тие ќе ги отпуштат сите членови на локалниот совет и ќе прогласат т.н. народен мандат, со што ќе се изберат нови членови на советот.[11] Така, наредниот ден, на 7 април била прогласена Донечката Народна Република.[12]

Независност од Украина

На 11 мај 2014 година на териториите под контрола на сепаратистите во Донечката и Луганската област се спровел референдум на кој во Донецк било поставено прашањето „Дали го поддржувате Актот за државна самостојност на Донечката Народна Република?“ на кој според информациите од ДНР излегле 74 отсто од населението и позивитно гласале 89%. Следниот ден, на 12 мај претседателот на привремената влада на ДНР, Денис Пушилин прочитал проглас во кој се објаснува дека врз основа на резултатите од референдумот, народот официјално ја прогласува Донечката Народна Република за суверена држава.[13] Референдумот не е официјално признаен од ниту една држава, а некои земји го сметаат за неуставен и без легитимитет.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads