Драгарино
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгарино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгарино живееле 55 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Драгарино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгарино имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[6]
Според пописот 2002 селото брои 86 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 84 жители, од кои 77 Македонци и 7 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Драгарино е македонско православно село, во селото има само два рода, и двата се доселенички. Родовите се населени средината на XIX век
Родови во Драгарино се:
- Доселеници: Размовци (9 куќи) доселени се од селото Вирово во Железник. Го знаат следното родословие: Донче (жив на 48 г. во 1951) Донче-Секула-Петре-Размо, кој се доселил во селото; Вељановци (6 куќи) доселени се од Црничани, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 70 г. во 1951 година) Кузман-Стојан-Вељан, кој се доселил.[13]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 196 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[16]
- Црква „Воскресение Христово“ — главната селска црква
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква осветена на 6 јуни 2015 г.[17]
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Градски Пат — населба од хеленистичко и римско време
- Коловозник — црква и некропола од средниот век
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads