Драгомирци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Драгомирциmap
Remove ads

Драгомирци или Драгомир (грчки: Βαφιοχώρι, Вафиохори; до 1928 г. Δραγομίρ, Драгомир[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 484 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Драгомирци Βαφιοχώρι, Земја ...
Remove ads
Thumb
Чешма во Драгомирци околу 1916 г.
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 22 км западно од Кукуш и 10 км источно од Ругуновец.

Историја

На 2 км северно од селото е откриена населба од бронзеното време, прогласено за заштитен споменик во 1987 г.[4]

Во Отоманското Царство

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото е изградена во 1806 г.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгомирци (Dragomirtzi) е село во Кукушката каза со 90 домаќинства сочинети од 400 Македонци.[6][7]

На крајот од ХІХ век селото било чифлик на еврејскиот банкар Саул Модијано од Солун. Во 1904 г. го закупиле под наем селото од Модијано за 7 години, но пред да истече рокот, го откупиле засекогаш.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Драгомирци се состоело од 480 жители Македонци.[6][9] На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија и во селото работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирци (Dragomirtzi) имало 616 Македонци под Егзархијата и во него работело бугарско училиште.[6][10]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Драгомирци се состоело од 140 македонски куќи.[11]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Населението значително настрадало од грчката војска во овие војни, и највеќето семејства пребегале во Струмичко, каде живеат и денес.[3] Таа година населението се намалило на 129 жители, но властите довеле 40 македонски гркомански семејства од Струмица[12] или Струмичко.[3] Во 1920 г. селото се води со 224 жители.[3] Гркоманските семејства набргу се вратиле во Струмичко, а 40 лица од преостанатите староседелски семејства биле прогонети во Бугарија. На нивно место власта довела Грци од Источна Румелија (Бугарија). Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско со 596 жители,[3] од кои 478 лица (117 семејства) биле Грци дојденци, а останатите биле македонски староседелци кои не се иселиле.[13]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Димитар Бандулов — печатар
  • Лазар Ников — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[17]
  • Петар Јотов (1872 – след 1943) — револуционер
  • Трајко Ѓотов (1870 – ?) — револуционер, војвода на ВМОРО
  • Христо Бандулов (1867 – ?) — просветен деец
  • Димитар Атанасов Георгиев – Марчето (1920 – 1944) — борец во партизанското движење во Бугарија[18]
Борци во МОО
  • Георги Делев — борец во I чета на IX Велешка дружина, носител на орденот „За храброст“ IV степен
  • Гоне Вардалиев (1874 – ?) — борец во четата на Иван Ташев со четата на Руша Делчева
  • Мино Топлев (1874 – ?) — борец во Кукушката чета
  • Мито Главов (Мицо Глаов, 1888/1890 – ?) — борец во Кукушката чета, I чета на XIV Воденска дружина
  • Мицо Наков (1866 – ?) — борец во Нестројната чета и IV чета на XIV Воденска дружина
  • Јанак Гонов (1884 – ?) — борец во Кукушката чета[19]
  • Јанаки Георгиев (1886 – ?) — учител, борец во I чета на XIII Кукушка дружина
  • Јанаки Стојанов — борец во Нестројната чета на III Солунска дружина
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads