Женско
село во Кукушко, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Женско или Аврет Хисар (грчки: Παλαιό Γυναικόκαστρο, Палео Гинекокастро, до 1927 Αβρέτ Ισσάρ, Аврет Исар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 14 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 126 метри.
Женско опфаќа површина од 16 квадратни километри[3].
Историја
Женско е населба со античка историја. Во селото биле откриени археолошки остатоци од антиката и средниот век. Во 1355-1371 претставувало главна тврдина во кнежевството на Југ Богдан во Егејска Македонија[4][5], чии бедеми денес можат да се видат и се познати како тврдина Женско.
Во XV век-XVII век Аврет Хисар бил центар на вилает. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од 1619-1620 година било забележано дека селото има 79 семејства.
Во XIX и почетокот на XX век, Женско е мала населба со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Женско се состоело од 55 семејства и броело 27 Турци и 239 Македонци[3][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Женско имало 245 жители, од кои 200 Македонци и 45 Турци[3][7].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци и работело егзархиско училиште[3][8].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија или Македонија[9].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година бројот на жители се намалил, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 394 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Палео Гинекокастро.[10]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 352 жители бегалци.[11], додека во 1940 година селото броело 312 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 456 жители, на пописот од 1971 година, во селото живееле 384 жители, во 1981 година имало 384 жители, додека во 1991 година имало 421 жител[12]. Во поново време, мс пописот од 2001 г. се заведени 382 жители, за да опадне на 280 во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Родени во Женско
- Атанас Христов Грков (1874 - ?)[13]
- Божин Атанасов (1884 - ?)[14]
- Божин Крстев Делев (1884 - ?)[15]
- Георги Христов Зефиров (1879/1882 - ?)[16]
- Дино Јанов (1882 - ?)[17]
- Иван Данаилов (1886 - ?)[18]
- Никола Христов (1874 - ?)[19]
- Крсто Митов (1892 - ?)[20]
- Лазар Стоилов (? - 1912)[21]
- Мито Танчев Ќосев (1884 - ?)[22]
- П. Индов[23]
- Тоше Танчов (1892 - ?)[24]
- Трајко Димов (1880 - ?)[25]
- Христо Атанасов[26]
- Христо Јанкулов Патриков (1884 - ?)[27]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads