Древеник (планина)
планина во југозападна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Древеник или Древеничка Планина[1] — средновисока планина во областа Железник (Демирхисарско) во југозападна Македонија. Сместена е јужно од Бушева Планина и е одвоена од неа со долината на Црна Река. На запад, со реката Обедничица е одвоена од Плакенска Планина, а на југ со реката Шемница е одвоена од Облаковска Планина. Највисок врв е Кале (1.494 м) кој се издига недалеку од истоименото село Древеник, и на кој е сместено археолошко наоѓалиште — населба од доцната антика.[2]
Се протега во правец северозапад-југоисток во должина од 15 км; широчината и е 5-10 км, а површината зазема 109,3 км2[3]. Административно, планината се протега низ Пелагонискиот Регион, и тоа во општините Демир Хисар, Битола, Могила и Крушево.
Remove ads
Геологија
По геолошкиот состав, Древеник е сочинет од кристалести шкрилци и гранитоидни карпи. Во средишниот дел, со јасна раседна структура по долината на Чагорска Река, планината е поделена на северен повисок и јужен понизок дел. Во северниот дел се и највисоките врвови, и тоа највисокиот Кале (1.494 м), Стара Бука (1.451 м) и други.[3] Во геоморфолошки поглед, Древеник има многу засеци со поврзани долини, а поради геолошкиот состав е застапена силна ерозија и соголување во поново геолошко време.
Remove ads
Растителност
Својствена растителност на планината е исклучително ретката и загрозена шумска заедница на ситнолисната липа и буката (ass. Tilio cordatae-Fagetum).[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads