Древено (Гуменџиско)
поранешно село во Бојмија (Општина Кукуш), Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Древено (грчки: Πύλη, Пили; до 1926 г. Δρέβενο, Древено[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи е целосно напуштено по Грчката граѓанска војна во 1949 г. и од него останала само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Свети Врач“).
Оваа статија се однесува на село во Егејска Македонија. За истоименото село во Пробиштипско, погл. Древено.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало во областа Бојмија, на десниот брег на Вардар, северозападно од општинското седиште Бојмица.
Историја
Кај Древено е откриена стара населба, прогласена за заштитен археолошки споменик во 1994 г.[2]
Во Отоманското Царство
Во XIX век Древено било македонско село во Гевгелиската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Древе (Dreve) имало 30 домаќинства со 142 жители Македонци.[3][4]
Во селото во 1895–96 г. е основан комитет на ВМРО.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Древено било село во Гевгелиската каза со 125 жители, сите Македонци.[3][6]
Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Древен (Dreven) имал 104 Македонци, сите под егзархијата.[3][7] Според подоцнежните егзархиски податоци, во 1910 г. Древене е чифлигарско село со 25 семејства, и има 124 македонски жители[3] и една црква.[8]
Потпаѓање под Грција

Во 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Македонското население се иселило во Бугарија, а на негово место се доселени Грци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Пили. Во 1928 г. Древено било чисто дојденско село, со 31 семејства од 104 доведени Грци.[9] Во Грчката граѓанска војна жителите на Древено го напуштиле селото и се преселиле во Бојмица.
Денес од Древено е останата само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врач“), изградена во XIX век.[10]
Remove ads
Личности
- Родени во Древено
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads