Држилово (Негушко)

село во Негушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Држилово (Негушко)map
Remove ads

Држилово (грчки: Μεταμόρφωση, Метаморфоси; книжевно: Μεταμόρφωσις, Метаморфосис; до 1928 година: Δροζέλοβο, Дрозелово или Ντραζίλοβο, Δραζίλοβο, Дразилово[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Држилово Μεταμόρφωση, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Негуш, на надморска височина од 950 метри.[3]

Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен, оддалечено е 4 километри од селото Голема Река.

Историја

До почетокот на XIX век, Држилово било богато село. Држилово е познато историско село по своето масовно учество во Негушкото востание во 1822 година, кога потполно настрадало, а неговите жители кои успеале да се спасат се раселиле во источна Македонија, во Пиринска Македонија, во Солун и на други места. Од тука потекнува и семејството Држиловци, познати по својата македонска печатница во Солун.[3] Било уништено од Мехмед Емин-паша. 40 држиловци, заедно со 25 теовчани, го обезбедиле префрлањето на жените и децата од Негуш.[4]

По Негушкото востание, селото не било обновено и само повремено се користело од влашките сточарски семејства, но не било населено сè до 1924 година, кога тука биле населени грчки бегалци од Понд.[3]

Во 1928 година, името на селото било променето во Метаморфосис (Μεταμόρφωση).[5]

Повторно се распаднало за време на Граѓанската војна (зимата 1947 г.), а неговите жители се преселиле во градот Негуш, но продолжиле да ги користат своите имоти.[3]

Remove ads

Стопанство

Селаните, како и иселениците кои повремено го посетуваат, главно ги користат своите имоти за ситно земјоделство.[3]

Денес, во Држилово работи голема фарма „Дразилово“ за одгледување на свињи.[6]

Население

Обновеното село, првпат се појавува во пописот од 1928 година, како чиста бегалска населба, кога бројот на жители изнесувал 57, а во 1940 година 115 жители. По Граѓанската војна, селото повторно се распаднало и само повремено е посетувано од страна на некогашните жители, кои се преселиле во градот Негуш. Бидејќи селото не било обновено, во подоцнежните пописи било забележано како населба без жители, но во последните години некои од нив започнале да се враќаат и да го обновуваат. Во пописот од 1991 година биле забележани 71 жител.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 7 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 9 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голема Река, во кој покрај селото Држилово влегуваат и селата Голема Река и Куцуфљани.

Личности

Родени во Држилово
  • Иван Хаџилазаров — солунски трговец
  • Кирјак Држилов (?-1877) — писател и просветен деец
  • Константин Држилов (?-1890) — писател и просветен деец
Други
  • Георги Динков (1839-1876) — просветен деец, син на Константин Држилов
  • Периклис Хаџилазару (1857-1917) — политичар
  • Славка Динкова (1848-1878) — просветна работничка

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads