Хебрејски бројки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хебрејски бројки
Remove ads

Еврејски броеви — квази децимален азбучен броен систем кој користи букви од хебрејската азбука. Системот би преземен од грчките броеви при крајот на 2 век п.н.е. и истиот е познат под името еврејски азбучни броеви за да се разликува од претходните системи на запишување кои се користеле во класичната антика. Овие системи биле наследени од арамејските и феникиските записи од околу 800 година п.н.е. во т.н. Самариски остракони и понекогаш познати како еврејско-арамејски броеви, кои се пак добиени од египетските броеви.

Кратки факти Бројни системи кај разнинароди и култури, Индоарапски броеви ...
Thumb
Часовникот на Еврејската градска куќа која се наоѓа во Прага, на кој броевите се испишани во насока спротивна на часовникот.

Грчкиот систем бил усвоен преку хеленистичкиот јудаизам и истиот систем се користел во стара грција уште од V век п.н.е. [1]

Во овој систем, не постои ознака за нулата, и бројните вредности за поединечните букви се додадени една кон друга. На секоја единица (1, 2, ..., 9) и се назначува одделно буква, за секоја (10, 20, ..., 90) исто така се назначува посебна буква, и за првите четири стотки (100, 200, 300, 400) се назначува посебна буква. Останатите стотки (500, 600, 700, 800 и 900) се претставени како збир од две или три букви кои се користат за првите четири стотки. За да се претстават броевите од 1.000 до 999.999, истите букви се искористени за да служат како илјадарки десетици илјади и стотици илјади. Гематријата (еврејска нумерологија) ги користи обемно овие преобразби.

Денес во Израел, се користи децималниот систем од арапски броеви ( 0, 1, 2, 3итн.) во сите случаи (пари, старост, атуми на граѓанскиот календар). Еврејските броеви се користат само во специјални случаи, како на пример кога се користат еврејскиот календар, или означување на подреденост на спискок (слично на a, b, c, dитн.), и на наќин како што се користат римските броеви ана запад.

Remove ads

Главна табела

Повеќе информации Децимален, Еврејски ...

Белешка: За подредените броеви поголемни од 10 се користат главните броеви.

Изговор и запишување

Главните и подредените броеви мора да се согласуваат по пол (машки или женски, мешаните групи се земаат како да се од машки род) со именката која ја опишуваат. Доколку именката отсуствува (пример телефонски број или пак адреса), се користи женски род. Подредените броеви мора да се согласуваат по број и статусот како останатите придавки. Главните броеви се запишуваат пред именката (пр. шлоша јеладим), со исклучок на бројот еден кој следи по именката (пр. јелад еад). Бројот два е специјален - шнајим (м.) и штајим (ж.) станува шнеј (м.) и штеј (ж.) кога следат по именка која ја бројат. За подредените броеви (броеви кои определуваат местоположба) поголеми од десет се користат главните броеви.

Remove ads

Пресметки

Еврејскиот броен систем користи начело за додавање при кој бројните вредности на буквите се собираат заедно за да се добие вкупен број. На пример, 177 се запишува како קעז што пак одговара на 100 + 70 + 7 = 177.

МАтематички, овој тип на систем побарува 27 букви (1-9, 10-90, 100-900). Во практиката последната буква, тав (која ја има вредноста 400) се користи во комбинација со себе или останатите букви од коф (100) нагоре, за да се создадат броеви од 500 па нагоре. Алтернативно, 22-та буква од еврејскиот броен систем понекогаш е проширена до 27 со користење на 5 софит (конечен) облик од еврејските букви.

Клучни исклучоци

Поради погодност, броевите 15 и 16 се претставени како ט״ו (9 + 6) и ט״ז (9 + 7),соодветно, за да се одбегне употребата на двобуквени комбинации י-ה (10 + 5) и י-ו (10 + 6), кои се пак поинакви облици на името господово во секојдневното пишување. Во календарот, ова е одбележано со секоја полна месечина, бидејќи сите еврејски месеци започнуваат со млада месечина.

Комбинациите кои би создале безобразни зборови се избегнуваат со замена на редоследот на буквите. На пример, 744 кој треба да се запише како תשמ״ד (што значи „ти/тоа ќе бидеш уништен/о“) може да се запише како תשד״מ или תמש״ד (што значи „смрт за демонот“).

Remove ads

Гершајим

Гершајим (U+05F4 во уникод, и наликува на знак за наводник) (понекогаш погрешно нарекуван мерхаот, што на еврејски значи наводник) се поставува (надесно) од последната (најлевата) буква за да се прикаже подреденоста на буквите како број наместо како збор. Ова се користи во случај каде бројот е претставен од два или повеќе броја (пример, 28 → כ״ח).

Слично, еден гереш (U+05F3 во уникод, и наликува на апостроф) се додава (налево) од единечна буква за да се покаже дака таа буква претставува број а не еднобуквен збор. Ова се користи во случаите каде бројот е прикажан од еден еврејски број (пример, 100 → ק׳).

Треба да се земе предвид дека гереш и гершајим само означуваат „невообичаен збор.“ Самиот контекст обично утврдува дали станува збор за број или пак за нешто друго (како што се „кратенките“).

Децимални вредности

Во печатот, се користат индиско-арапските броеви. Еврејските броеви дденес се користат за пишување на деновите годините во еврејскиот календар, поради наводите во традиционалните еврејски текстови (особено за библиските поглавја и стиховикако и за Талмудот), за списоци на кој има подреденост (слично на а, б, в, итн.) како и во нумерологијата (гематрија).

Илијада и облици на датуми

Илијадите се бројат поединечно, и илијадите се бројат пред остатокот од бројот (на десно, бидејќи еврејскиот се чита од десно на лево). Не постојат специјални ознаки со кои би се означило почетокот на броењето на илијадите, што теоретски би довело до збунетост, сепак се користи апостоф по буквата. Кога се определува годината на еврејскиот календар во моменталниот милениум, во записите се одбегнуваат илијадите (што денес е 5 [‫ה]), но доколку не го сторат тоа општо е прифаено сека станува збор за 5 * 1000. Моменталниот израелски паричен систем ги вклучува и илијадите.

Примери на датуми

„Понеделник, 15 адар 5764“ (каде 5764 = 5(×1000) + 400 + 300 + 60 + 4, и 15 = 9 + 6):

Во целост (со илијади): понеделник, 15(ти) адар, 5764
יום שני ט״ו באדר ה׳תשס״ד
Честа употреба (илијадите се отфрлени): понеделник, 15(ти) адар, (5)764
יום שני ט״ו באדר תשס״ד

„Четврток, 3 нисан 5767“ (каде 5767 = 5(×1000) + 400 + 300 + 60 + 7):

Во целост (со илијади): четврток, 3(ти) нисан, 5767
יום חמישי ג׳ בניסן ה׳תשס״ז
Честа употреба (илијадите се отфрлени): четврток, 3(ти) нисан, (5)767
יום חמישי ג׳ בניסן תשס״ז

За да го Видите денешниот датум во еврејскиот календар, Погледајте ја, за пример врската, Hebcal date converter.

Претходни години

5780 (201920) = תש״פ

5779 (201819) = תשע״ט

...

5772 (201112) = תשע״ב

5771 (201011) = תשע״א

5770 (200910) = תש״ע

5769 (200809) = ‫תשס״ט

...

5761 (200001) = ‫תשס״א

5760 (199900) = ‫תש״ס

Remove ads

Слични системи

Абџадските броеви асе еднакви на еврејските броеви сè до 400. Грчките броеви се разликуваат од еврејските од 90 па нагоре поради грчката азбука не постои вредност еднаква на цади (צ).

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads