Џиро ди Ломбардија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џиро ди Ломбардија (италијански: Giro di Lombardia; наречена и Трка околу Ломбардија) — класична велосипедска трка која се вози низ областа Ломбардија, во Италија. Претставува последен „монумент“ во европскиот календар и е една од последните трки во рамки на календарот на Светската турнеја, при што многупати била одлучувачка за натпреварувањето. Нејзиниот прекар е „класик на мртвите (паѓачки) лисја“ (италијански: la classica delle foglie morte) поради тоа што се одржува во есен.
Remove ads
Историја
Првото издание било во 1905 година. Тогаш била наречена Милано-Милано. Денешното име го добила во 1907 година. Рутата се менувала повеќепати. Милано, Сесто Сан Џовани, Бергамо, Варезе, Монца, Комо биле почетни или завршни точки на трката. Во 2004 година, трката започнала во Мендрисио во Швајцарија, а завршила во Комо. Најпознато искачување е Мадона дел Гизало, кое се наоѓа во завршниот дел на трката. На врвот се наоѓа мал музеј посветен на верата и велосипедизмот.
Фаусто Копи ја освоил рекордни пет пати. Французинот Анри Пелисје и Ирецот Шон Кели се единствените неиталијански возачи кои ја освоиле трката трипати. Најнеодамнешните изданија на трката (2012 и 2013) ги освоил Хоаким Родригес.
Remove ads
Рута
Рутата била менувана повеќепати низ годините, иако симболот на трката останало езерото Комо и искачувањето Гизало кое започнува близу Белаџо и се доаѓа до црквата Мадона дел Гизало, патронот на велосипедистите. Милано, Монца, Комо и Бергамо биле традиционално завршните градови на трката низ годините. Од 2004 година, крајот се вратил на езерото во Комо со краткото, но тешко, искачување Сан Фермо дела Баталја, неколку километри пред крајот. Во 2010 година бил воведено искачувањето Колма ди Сормано кое го заменило искачувањето Цвилјо по искачувањето Гизало. Искачувањето Сормано било исто така воведено во целосно променетата рута во 2011 година. Искачувањето било поставено пред Мадона дел Гизало. По искачувањето Гизало, следувала рамна делница до Леко за последното искачување на трката во должина од 3,4 километри. По спустот останувале само 3 километри до крајот. Стрмниот пат на искачувањето Вила Вергано се покажало за одлучувачки во 2011 и 2012 година.[1]
Remove ads
Победници
Повеќекратни победници
По националност
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads