Елба-Елстер

округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Елба-Елстерmap
Remove ads

Елба-Елстер (германски: Elbe-Elster) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се Телтов-Флеминг, Даме-Шпревалд, Горен Шпревалд-Лужица, Мајсен, Северна Саксонија и Витенберг.

Кратки факти Елба-ЕлстерElbe-Elster, Земја ...
Thumb
Железничката станица Херцберг
Remove ads

Историја

Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Финстервалде, Бад Либенверда и Херцберг.

Географија

Округот е именуван по двете реки, реката Елба која ја создава западната граница со Саксонија и реката Шварце Елстер која е притока на Елба и тече низ округот. Округот е дел од историската област Лужица. Мочуриштата долж Шварце Елстер се станишта на неколку ретки животни, како модроврани, дабари и видри.

Грб

Thumb Грбот бил донесен во 1995. Лавот во долниот лев дел потекнува од грофовијата Мајсен, кому историски му припаѓал јужниот дел од округот. Црните ленти потекнуваат од грофовијата Саксо-Витенберг бидејќи областа околу Бад Либенверда припаѓала на тоа грофовија во минатото. Црвените линии потекнуваат од најстариот грб на Бранденбург, а бикот е симбол за областа Долна Лужица каде е сместен самиот округ.

Градови и општини

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads