Фалкенберг/Елстер

град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Фалкенберг/Елстерmap
Remove ads

Фалкенберг (германски: Falkenberg) — град во округот Елба-Елстер, во југозападен Бранденбург, Германија. Се наоѓа близу реката Шварце Елстер, 16 километри источно од Торгау и 13 километри северозападно од Бад Либенверда.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Фалкенберг/Елстер во рамките на округот Елба-Елстер ...
Remove ads

Историја

Првпат бил споменат во 1251. Во 1547, Битката кај Милберг била водена во близина на Фалкенберг, кога саксонскиот изборен кнез Јохан Фридрих I бил земен како заробеник. Самото село имало мало значење до 19 век. Дворецот ги менувал сопствениците повеќепати, додека не бил купен од општината во 1911. Во 1848 Фалкенберг добил станица на железницата Јитербог - Риза. Железницата Лајпциг/Хале - Ајленбург - Котбус била отворена во 1872 и поминувала низ Фалкенберг, поради што градот станал главна железничка раскрсница и доживеал голем пораст. Втората светска војна донела големи уништувања. Во 1962 на Фалкенберг му биле доделени правата на град. Грбот ги прикажува главните сектори на економијата во градот: енергетиката, железницата и земјоделството.

Голем број на напуштени парни локомотиви се поставени во старото железничко депо на североисток од градот.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads