Елшан

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Елшанmap
Remove ads

Елшан или Елшен (грчки: Καρπερή, Карпери; до 1927 г. Έλσιανη, Елсјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Кратки факти Елшан Καρπερή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа јужно од Долна Џумаја, близу десниот брег на Струма.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX и почетокот на XX век Елшан било село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Елшан (Elschan) било село со 165 домаќинства на 70 жители муслимани и 430 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:

Елшан, полско село 4 часа на запад од Сер. Најплодна почва; ги произведува сите видови производи и тутун. На З од Елшан е „Коприва ќопруси“, мост на Струма. Патот минува низ блатести места, за пазтоа мачно се патува зимно време. Во црквата „Св. Петка“ се служи на грчки. 70 куќи само Македонци.[6] Грчко училиште.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото (Елшенъ) брои 1.400 жители, сите Македонци христијани.[4][8]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Elchen) имало 248 Македонци егзархисти и 1.512 Македонци патријаршисти.[4] Во селото правела напори грчката пропаганда — работело грчко основно училиште со 1 учител и 30 ученици.[9]

На 5 март 1905 г. четата на Георги Радев влегла во Елшан и ги обиколила гркоманските водачи на чело со Васил Челебиев (Василиос Целебонис). При престрелката загинал Хараламби Дијамандиев (Хараламбос Дијамандис), а ранет е Петар Андонов (Петрос Антониу) од Кумлија.[10]

Подоцна селото го примило врховенството на Бугарската егзархија, но во февруари 1907 г. повторно станало патријаршиско со усилбите на гркоманите.[11]

Летото 1908 г. по Хуриетот 95 лица од Елшан потпишале изјава дека селото сака да премине под врховенството на Бугарската егзархија. Ова предизвикало тревога кај грчкоиот комитет во Сер, и во селото е испратен капетанот Стерјос Влахвеис, кој стасал во Елшан во недела, 23 август, со петмина андарти и ги заплашил со убиство македонските водачи. Го барал нивниот водач Димитър Аваљов, кој успеал да избега во Сер.[12][13]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Елшан е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.226 жители.[3] По Првата светска војна во 1918 г. голем дел од населението се иселило во Бугарија при повлекувањето на бугарската војска, плашејќи се од грчките репресалии.[3] Така, на пописот од 1920 г. во Елшан се заведени само 265 жители.[3] На место на иселените Македонци властите довеле грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. Елшан било етнички мешано село со 981 жители,[3] од кои 249 биле дојденци.[14]

Од 1967 до 1984 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[15]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Георги Ил. Гегов — револуционер, деец на ВМОРО, загина пред 1918 г.[21]
  • Иван Ангелов — борец во МОО, 26-годишен, IV чета на V Одринска дружина, ранет, носител на орденот „За храброст“ IV степен[22]
  • Иван Попстоянов — борец во МОО, IV чета на V Одринска дружина[23]
  • Коста Димитров — револуционер, деец на ВМОРО, починал по 1918 г.[21]
  • Нашко Елшански (? – 1924) — револуционер, деец на ВМРО
  • Ставро Цветков (1912 – 1943) — комунист[24]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads