Кумлија
село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кумлија или Кумли (грчки: Αμμουδιά, Амудија, до 1926 г. Κουμλή, Кумли[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението е мешавина од староседелски Македонци и грчки колонисти.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 24 км северозападно од градот Сер и на 9 км северозападно од Просеник.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на XX век Кумлија било село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кушлиј (Kouchlii) е село со 105 домаќинства сочинети од 50 муслимани и 270 Македонци.[4][5] Во него работела грчката пропаганда.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Кумли, село и чифлик на Ј од Валовишта 1 час до Струма. Сите земјоделци. 10 куќи турски со 120 македонски.[6] Има грчка црква и грчко училиште со околу 30 ученици.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кумлија броела 750 жители Македонци, 150 Турци и 45 Роми.[4][8]
Сите христијани во Кумлија биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 640 Македонци егзархисти.[4][9]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Кумлија имала 871 жител, но во 1920 г. населението се намалило на 544 лица.[3] Ова се должи на фактот што извесен дел од населението се преселило во Бугарија. Во 1924 г. муслиманските жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор.[3] На местото на иселените властите довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Кумлија е претставена како мешано село со 820 жители,[3] од кои 103 лица (30 семејства) биле дојденци, а останатите мештани.[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Амудија, преведувајќи го изворното турско име со значење „песокливо“.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads