Енисејски јазици
јазично семејство во Сибир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Енисејските јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува(ло) од Енисејците. Енисејските јазици се зборувале по течението на реката Енисеј во Сибир (Русија) и од таму потекнува и името на јазичното семејство. Се претпоставува дека во своите добри времиња (пред нивното изумирање) јазиците се зборувале на доста поголема територија, со претпоставки дека биле присутни и на територии на денешни Монголија и Кина.[1] Денес единствен јазик кој преживеал е кетскиот јазик, со некаде околу 200 говорници.
Remove ads
Класификација
праенисејски (пред 500 п.н.е.; се поделил во околу 1 г.п.н.е.)[2]
- северни (се поделиле во околу 700 г.)
- кетски јазик (200 говорници)
- јушки јазик (1 говорник, а можеби веќе е јазикот и изумрен)
- јужни †
- котско-асански (се поделиле во околу 1200 г.)
- котски јазик † (исчезнал до средината на 1800-те)
- асански јазик † (исчезнал до 1800 г.)
- аринско-пумпоколски (се поделиле до 550 г.)
- арински јазик † (исчезнат до 1800 г.)
- пумпоколски јазик † (исчезнат до 1750 г.)
- котско-асански (се поделиле во околу 1200 г.)
Јазикот на народот Ѕие, кој исто така исчезнал и етнички и јазично (најверојатно претопен во кинеските маси), се верува дека можеби бил енисејски јазик, со претпоставка дека се претопил во пумпоколскиот.
Покрај овие, во руските царски даночни списи од 17 век се споменуваат и други енисејски народи, Буклинци, Бајкоти, Јарини, Јастини, Ашкиштими и Којбалкиштими, но сепак нема ништо останато запашино од нивните јазици, освен некои лични имиња.
Според кинеските извори, енисејската група на народи можеби била дел од групата народи кои ја создале племенската конфедерација позната во кинеската историја како Сјонгу,[3] кои традиционално се сметаат за предци на Хуните и другите северноазиски народи, но сепак овие предлози тешко е да се дефинираат поради недостаток на податоци.[4][5] Дополнително, се предлага дека дел од Сјонгу, најверојатно владеачките елити на Сјонгу, зборувале на некој од енисејските јазици.[6] Една реченица на ѕиенскиот јазик, која денес е зачувана, наведува дека јазикот бил енисејски.[6] Подоцнежните истражувања потврдуваат дека ѕиенскиот е сроден до пумпоколскиот.[7]
Remove ads
Особини
Енисејските јазици споделуваат голем број сличности со сибирскотурските јазици, самоједските јазици и евенкискиот јазик, како резултат на географската близина и непосредниот контакт. Таквите заеднички особини се носна хармонија на големо растојание, развој на слеаните согласки во избувни и употреба на предлози и постпозиција или граматички клитики како дел-реченични комплиментизери (сврзници во зависни реченици).[8] Сепак, енисејските јазици се издвојуваат од околните несродни јазици во неколку типолошки погледи, како што е присуството на тон, користење претставки за глаголи и сложена морфофонологија.[9]
Јазичарите наведуваат дека енисејските јазици имале до 4 тона, или пак немале тон воопшто. Енисејските јазици имале доста развиена глаголска морфологија.
Во прилог броеви и обид за реконструкција на предок
Во прилог основни зборови и нивна споредба со јазиците и обид за реконструкција на предок:
Remove ads
Татковина
Според истражувањето од 2016 година, Енисејците и нивните јазици потекнуваат од Алтајските Планини или во близина на Бајкалското Езеро. Според ова истражување, Енисејците се поврзуваат со Палеоескимците.[10]
Сродност со останати јазични семејства
Сè до 2008, многу мал број јазичари ја прифатиле врската помеѓу енисејските јазици со останатите јазични семејства, но во тоа време имало почетни обиди за поврзување на овие јазици со ергативните јазици на Евроазија.
Дене-енисејски јазици
Во 2008 година, Едвард Вајда од Универзитетот на Западен Вашингтон претставил докази за генетска поврзаност помеѓу енисејските јазици од Сибир (Русија) и на-денејските јазици од Северна Америка (САД и Канада).[11] Во времето на објавувањето на истражувањето (2010), предлозите на Вајда биле гледани со позитивна критика од страна на неколку специјалисти за на-денејските и енисејските јазици[12]
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads