Слеана согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слеана согласка (африката)[1] е согласка што почнува како избувна (најчесто венечна, како што е [t] или [d]), но испустот ѝ е струен (како [s] или [z], а понекогаш и струјна трепетна согласка) наместо да продолжи непосредно во следната самогласка. Затоа овие согласки се нарекуваат и преградно-теснински.[2]
Remove ads
Примери
Слеани согласки во македонскиот се ц ([ts]), ѕ ([dz]), ч ([tʃ]) и џ ([dʒ]).[3] Истите се типични и во други европски јазици како англиското „ch“ и „j“ ([tʃ] и [dʒ], германското и италијанското z [ts] and италијанското z [dz]. Овие гласови се прилично чести и во светските јазици во целина, како и други слеани согласки со слична звучност, како што се оние во полскиот и кинескиот. Меѓутоа, со исклучок на [dʒ], звучните слеани согласки се релативно ретки. На неколку други места на творба, истите воопшто не се присутни во ниеден јазик.
Многу поретки се усненозабните слеани согласки како [p͡f] во германскиот и изи, или венечните слеани согласки како што се [k͡x] во цвана (се пишува kg) или горноалеманските дијалекти на швајцарскиот германски. Во светски рамки, само малку јазици имаат слеани согласки во овие положби, иако ним соодветните избувни согласки [p], [k] се практично сеприсутни. Исто така поретки се венечните слеани согласки каде струјната творба е странична. Таков се гласот [tɬ] застапен во ацтечкиот и тотоначките јазици. Многу Атабаскански јазици (како чипевјанскиот и навахо) имаат низа преднојазични слеани согласки што може да бидат неприздивни, приздивни или исфрлени, покрај другите можности - меѓузабни/забни, венечни, задновенечни, или странични, т.е. [t̪͡θ], [t̪͡θʰ], [t̪͡θʼ], [ts], [tsʰ], [tsʼ], [tʃ], [tʃʰ], [tʃʼ], [tɬ], [tɬʰ] и [tɬʼ].
Remove ads
Список на слеани согласки
Во случај на преднојазична, симболите ‹t, d› се користат за избувниот дел на слеаната согласка, без оглед на местото на творба. На пример, честопати се среќава [t͡ʂ] за гласот [ʈ͡ʂ]. Сврзните црти се изземени од табелите поради читливост. Сите симболи се од Меѓународната фонетска азбука (МФА).
Шушкави слеани согласки
Некои северозападни кавкаски јазици како апхаскиот противположно ги разликуваат сите осум.
Кога еден јазик има само една слеана согласка, таа најчесто е шушкава; ова е случај кај извесни арапски дијалекти ([d̠ʒ]), највеќето дијалекти на шпанскиот ([t̠ʃ]) и тајландскиот ([t̠ɕ]).
Нешушкави слеани согласки
Странични слеани согласки
Трепетни слеани согласки
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads