Ени Маало
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ени Маало (грчки: Λειψύδριο, Липсидрио, до 1927 Γενή Μαχαλέ, Јени Махале)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 11 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.
Ени Маало опфаќа површина од 40 квадратни километри[3].
Историја
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ени Маало имало 40 жители муслимани[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 169 жители, додека во 1920 година 47 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Липсидрио.[5]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 143 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 312 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 231 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 197 жители, во 1971 година имало 109 жители, во 1981 година имало 128 жители, додека во 1991 година имало 84 жители[7]. Денеска, населението на селото е 121 жител според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads