Ерта Але

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ерта Алеmap
Remove ads

Ерта Але е  вулкан во Етиопија кој наоѓа во северниот дел на Големата Раседна Долина, поточно во Афарската Котлина. Ерта Але значи „зачадена планина“ на афарски јазик[3].

Кратки факти Ерта Але, Највисока точка ...
Remove ads

Географија

Thumb
Сателитска слика од северот на Афарската Котлина во чиј центар (ЕА), е вулкански систем вклучително и Ерта Але.
Thumb
Лавино езеро на Ерта Але во 2001 г.

Местоположба и топографија

Вулканот Ерта Але, иако не е многу висок (613 метри надморска височина) многу е широк и изнесува триесет километри во пречник. Тој е дел од вулкански систем кој ги вклучува, од север кон југ, Гада Але, Алу Дала Фила, Борале Але, Ерта Але, Халји Губ и Але Багу кој се протега на 95 километри должина и 42 километри широчина. Се наоѓа на јужно од вулканот Далол.

Ерта Але на врвот има 1 600 метри долга и 700 метри широка купа, свртена во насока север-југ.[4] Во купата лежат два кратера во облик на кружни бунари со вертикални ѕидови. Според вулканската активност, лавини езера се наоѓаат во овие кратери, и тие исчезнат или надоаѓаат привремено.[5]

Геологијата

Лава која тече повремено од Ерта Але е базалтска и не содржи многу вулкански гасови. Највисоката измерена температура била 1 217 °C.

Измерениот топлински бран бил  30 kW·м−2.

Афарската Котлина каде што се наоѓа вулканот сочинува дел од Големата Раседна Долина која поминува низ Источна Африка од север кон југ, и која доколку нејзиниот развој продолжи би можела да создаде нов океан, исто како Црвеното Море.[5]

Remove ads

Историја

Сместен во пустински и не многу лесно пристап регион, вулканот Ерта Але бил откриен во 1906[6] а вулканолозите почнале да го проучуваат дури од доцните 1960-ти и раните 1970-ти.

Во 1968 година, првата француско-италијанска вулканолошка експедиција дошла на врвот на Ерта Але. Арун Тазиеф и Џорџо Маринели виделе две лавини езера[7] . Во северниот кратер езерото од сто метри во пречник било многу активно а во централниот кратер, имало езеро од 65 метри во пречник и тоа било помалку активно. Двете езера се наоѓале на длабочина од 165 метри и биле активни најмалку од 1906 година. Нивото на езерата не престанало да оди нагоре : во 1971 година, тие биле на само десетина метри од работ на кратерите и го имале отприлика истиот пречник а во 1972 година, тие протекле поплавувајќи го подот на купата. Тоа траело до 1974 година.

Ерупции

Вулканот еруптирал во 1873, 1903, 1940, 1960, 1967 и 2005, кога ерупцијата предизвикала угинување на добитокот и илјадници луѓе биле принудени да побегнат. Во 2007 лавата уште еднаш предизвикалаевакуација а двајца се воделе како исчезнати и се претпоставува дека загинале[6].

Thumb
Ерта Але, вулканска формација

Лавини езера

Thumb
Лавино езеро во кратерот на Ерта Але

Лавините езера во вулканот датираат одамна, веројатно најмалку во последните 100 години[8] Постојат и докази за поексплозивни ерупции (VEI 2) во последните 150 години од Ерта Але, но нема доволно докази поради тешко пристапната местоположба[5]. Немало други набљудувања до ноември 1992 година освен некои антенски истражувања и сателитските набљудувања. Колапс на ѕидовите на северниот кратер го закопал лавиното езеро. Нивото на средишното езеро, кое било од 40 до 70 метри, паднало на сто метри.

Во 2001 година, војната со Еритреја завршила и тимови на научници можеле да направат мерења. Езерото тогаш изнесувало 80 до 100 метри, сместено на длабочина од 80 метри и редовно испуштало лавини фонтани високи од пет до десет метри. Од овој датум, вулканот редовно се посетува. Набљудувањето на лавиното езеро покажува чести промени на нивото и на активноста.

Лавините езера покажуваат интензивна активност : се формира кора од изладена лава, но таа е пробушена од лавини фонтани придружени со испуштањето вулкански гасови. По краток период кога езерото се стврднува но потоа, повторно се појавува. Нивото на лавиното езеро варира од месец до месец. Кога се спушта, остава стврднати тераси од базалт кои повторно се покриваат со новото накачување на езерото.

Remove ads

Туристичко одредиште

Ерта Але е една од главните атракции во Афарската Котлина и стана познато туристичко одредиште. На 4 јануари 2012 извршен бил терористички напад врз туристи и научници кои кампувале до кратерот при што неколкумина биле убиени или киднапирани.[9]

Мониторинг

Набљудувањето на вулканот Ерта Але е отежнато заради положбата и други услови. Така при ерупцијата на Далафила во 2008 година немало никој на местото на настанот за да открие кој вулкан избувнал во опсегот. Повеќето ерупции во областа најпрвин се забележани од нивните сулфурно диоксидни облаци или преку активноста на лавските езера преку сателит, потоа од кажувања на неколкуте мештани кои живеат во близина на вулканот.[5]

Remove ads

Литература

  • Арун Тазиеф, Мирисот на сулфур. Експедицијата во Афар, Сток, Париз, 1975, 227

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads