Ејлат
најјужен град во Израел From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ејлат (хебрејски: אֵילַת) е град во Израел. Ејлат е дел од Јужниот округ и пустината Негев и воедно е најјужен град во Израел. Ејлат е пристаништен град на брегот на Црвеното Море, поточно на Акапскиот Залив. Градот е популарно туристичко одредиште за домашни и странски туристи поради убавите плажи. коралните гребени, ноќниот живот и пустинскиот пејзаж.
Според податоците од 2017 година, градот имал население од 50,724 жители. Градот е скоро споен со египетското село Таба на југ, јорданскиот град Акаба на исток и има релативна видлива блискост со Саудиска Арабија. Околината на градот има пустинска клима, топло море и 360 сончеви денови во текот на годината.[1]
Remove ads
Име
Името на Ејлат се спомнува и во Стариот завет, но потеклото не е јасно дефинирано. Тоа најверојатно потекнува од хебрејскиот корен A–Y–L (хебрејски: א. י. ל.), што исто така е корен на зборот Елах (хебрејски: אלה), што значи „ф'стак“.[2]
Демографија
Огромно мнозинство од населението се Евреи. Арапите се само 4% од населението.[4] Населението на Ејлат вклучува и голем број странски жители, и нивната бројка се проценува на околу 10.000 жители. Во 2007 година во градот пристигнале околу 200 судански бегалци во Ејлат кои биле прифатени и добиле дозвола за престој.[5][6][7]
Remove ads
Збратимени градови
Ејлат е збратимен со:
Акапулко, Мексико[8]
Антиб, Франција[9][10]
Арика, Чиле[9][11]
Бенидорм, Шпанија[12]
Дурбан, ЈАР[9][13]
Жик Лепин, Франција[10]
Камен, Германија[14]
Кампен, Холандија[9]
Карлови Вари, Чехија
Лос Анџелес, САД[9][15]
Натал, Бразил
Пјештани, Словачка[16]
Сер, Грција
Смољан, Бугарија[9][17]
Шопрон, Унгарија[18]
Торонто, Канада[10]
Ушуаја, Аргентина[10]
Јалта, Украина
Јинчуан, Кина
Панорамски поглед
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads