Жданец (некропола)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Жданецархеолошко наоѓалиште во скопската населба Жданец, Општина Карпош. Претставува некропола од раноантичкото време.

Повеќе информации Основни податоци ...

На источната падина на Градиште во Средно Нерези, на местото каде што се простира дел од современата населба Жданец, во 1971 г. е откриено погребување во циста од камени плочи со значајна гробна содржина (накит од сребро, сад од бронза, меч од железо), датирана во првата половина на IV век п.н.е.[1]

Во 1990 г. исто така случајно, е откриено уште едно погребување, исклучително ретко според обредниот ритуал. Имено, се работи за жртвено погребување на непознат пајонски кнез заедно со кола, два коња и двајца кочијаши, извршено на крајот на V или на почетокот на IV век п.н.е.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads