Жервени

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Жервени
Remove ads

Жервени (грчки: Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос, до 1928 Ζέρβαινη, Зервени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Жервени Άγιος Αντώνιος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 1040 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Жервени се состоело од 45 семејства со 160 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Жервени имало 430 жители муслимани[4][5].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жервени се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 80 куќи.[6] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.

Во текот на Илинденското востание биле убиени околу 30 селани, а дел од селото било опожарено[7]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 муслимански семејства[8].

Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 492 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 537 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Агиос Андониос.[10] Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 1 жител се засолнил во Бугарија. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[9].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[11], по кое било предадено на бугарските сили.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 8 деца од селото биле протерани како деца бегалци[12]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 185 жители.[13], додека во 1940 година селото броело 269 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 20 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 213 жители, во 1971 година имало 196 жители, во 1981 година имало 200 жители, додека во 1991 година имало 213 жители[14]. Денеска, населението на селото е 141 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads