Заба

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Забаmap
Remove ads

Заба или Замба (грчки: Κρίνος, Кринос; до 1927 г. Ζάμπα, Заба[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).

Кратки факти Заба Κρίνος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 4 км јужно од Сер, на надморска височина од 25 м.[3]

Историја

Основано е во 1924 г. од Грци преселени од Турција на местото на постара чифлигарска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Кринос (Κρίνος).[2] Следната 1928 г., во селото биле сместени 22 бегалски семејства со вкупно 126 жители, колку што имало во пописот од истата година.[3]

Стопанство

Населението произведува памук, жито, тутун и други земјоделски производи.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Мертатово и Метох.

Културни и природни знаменитости

Цркви

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads