Мертатово

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мертатовоmap
Remove ads

Мертатово (познато и како Мертатево или Мертат; грчки: Ξηρότοπος, Ксиротопос; до 1927 г. Μερτάτη, Мертати[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 106 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Кратки факти Мертатово Ξηρότοπος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужните падини на планината Шарлија, на 15 км северно од градот Сер, во долината на реката Серовица, на надморска височина од 720 м.[3]

Историја

Во XIX век Мертатово бил македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Мертат (Mertate) имало 68 домаќинства и 230 жители Македонци.[4][5]

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 95 македонски домаќинства.[4][6] Тој пишува за Мертатово:

Мертат и Мертатово: македонско село; 1 црква; поголемиот дел од жителите се занимаваат со превоз; оддалечено е на 2 часа од градот.[7]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Мертатово, село на југ од Фраштане, од Сер на 2 часа растојание. Сместено е на едно возвишение, до дол. Патот е стрмен и насекаде камен. Работно земјиште многу малку; се сее пченка, грав. Слегуваат во полските села да работат. Повеќето се дрвари и сточари. Црква „Св. Димитриј“, се служи на грчки. Пред неколку години имало бугарско училиште. Сега нема никакво. 80 куќи и 400 жители, сите Македонци.[8]

На почетокот на XX век целото население на Мертатово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Мертатово имало 500 жители, сите Македонци.[4][10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мертатово имало 680 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[4][11]

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[12]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 331 жител, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 243 лица.[3]

Под притисок од грчките власти, 70 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. Во селото никогаш не биле сместена бегалци, така што останало чисто македонско.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ксиротопос (Ξηρότοπος), во превод „суво место“.[2]

Селото прилично настрадало за време на Граѓанската војна (1946 - 1949), кога населението се повлекло во полските села.[3] Исто така неколку семејства побегнале во внатрешноста на Пиринска Македонија и Бугарија (во Свети Врач, Атолово и Асеновград).[13]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува компири, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1920 година, селото станало самостојна општина. Општината Мертатово била приклучена во општината Сер во 1947 година.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Заба и Метох.

Личности

Родени во Мертатово

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads