Западнобачки Управен Округ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Западнобачки Управен Округ
Remove ads

Западнобачки Управен Округ (српски: Западнобачки управни округ, romanized: Zapadnobački upravni okrug, унгарски: Nyugat-bácskai körzet) — еден од седумте управни окрузи на автономната покраина Војводина, Србија. Се наоѓа во географскиот регион Бачка. Има население од 188.087 жители. Управно седиште на округот е градот Сомбор.

Кратки факти Западнобачки Управен Округ Zapadnobački upravni okrugЗападнобачки управни округ, Држава ...
Remove ads

Име

На српски, округот е познат како Западнобачки управни округ, на хрватски како Zapadnobački upravni okrug, на буњевачки како Zapadnobački upravni okrug, на унгарски како Nyugat-bácskai körzet, на словачки како Západnobáčsky okres, на русински Заходнобачки окрух и романски како Districtul Bacica de Vest.

Административна историја

Во 9 век со областа владеел бугарско-словенскиот војвода Салан. Од 11 до 16 век, за време на владеењето на средновековното Кралство Унгарија, областа била поделена помеѓу Бодрошката, Бачката и Чонградската Жупанија. Во 1526-1527 година, областа била управувана од независниот српски владетел, царот Јован Ненад, додека за време на османлиската управа (16-17 век), била дел од Сегединскиот Санџак.

За време на владеењето на Хабсбурговците (18 век), областа била поделена помеѓу Бодрошката Жупанија, Бачката Жупанија и Воена Краина. Двете жупании биле споени во единствена Бачко-бодрошка Жупанија во 18 век. По укинувањето на делот Тиса - Муреш на Воена Краина во 1751 година, дел од таа територија исто така била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија. Во 1850-тите, областа претежно била дел од округот Сомбор, со некои делови во округот Нови Сад. По 1860 година, областа повторно била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија.

За време на кралската српско-хрватско-словенечка (југословенска) управа (1918-1941), областа била дел од округот Нови Сад (1918-1922), Бачката Област (1922-1929) и Дунавска Бановина (1929-1941).

За време на унгарско-германската окупација(1941-1944), областа била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија. Од 1944 година, областа била дел од автономната југословенска покраина Војводина (која била дел од новата социјалистичка република Србија од 1945 година). Денешните области на Србија (вклучувајќи го Западнобачкиот Округ) биле дефинирани со уредба на Владата на Србија од 29 јануари 1992 година.

Remove ads

Општини

Предлошка:West Bačka District Labelled Map

Thumb
Карта на Западнобачкиот Округ
Thumb
Етничка карта (попис 2002)

Округот ги опфаќа општините:

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според последниот официјален попис направен во 2011 година, Западнобачкиот Управен Округ имал 188.087 жители.

Етнички групи

Повеќе информации Етничко група, попис 2002 година ...
Remove ads

Култура

Сомбор е град со богата културна традиција: Римокатоличката црква и францисканскиот манастир од 18 век, Куќата на Периш од почетокот на деветнаесеттиот век, иконостасот на големата и малата православна црква во Стапар се заштитени споменици регистрирани како културно наследство, кои сведочат за долгата историја на овој град.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads