Зеленград (Костурско)
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зеленград (грчки: Μεσόβραχο, Месоврахо; до 1927 г. Ζέλεγκραδ, Зеленград[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 3 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 23 км југозападно од Костур, крај границата со Албанија, во подножјето на планината Гал’мбица (Алевица).[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Зеленовад како место со 23 христијански семејства и едно муслиманско [4] Населението подоцна го примило исламот во немирни времиња за поголема сигурност.[3] Според Стефан Верковиќ, во втората половина на XIX век во Зеленград имало 45 домаќинства со 157 жители Македонци-муслимани.[5][6] Кон крајот на XIX век Зеленград било македонско муслиманско село во Рупишката нахија на Костурската каза. Грчката статистика од 1905 г. вели дека имало 350 жители, кои погрешно ги претставува како Турци.[7] Во овој период, Милоевиќ нешто бележи 40 куќи.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зеленград се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[8] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Потпаѓање под Грција
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од грчката војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција, кога населението броело 304 жители.[3] Во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово се доведени турски Грци, кои во 1928 г. броеле 93 лица (според други извори 60[9] или 72 лица од 18 семејства[10]). Во 1926 г. Зеленград е преименуван во Месоврахи, што во превод значи „меѓу врвови“.
Граѓанската војна и по неа
Според пописот од 1940 г. селото имало 110 жители.[3] За време на Грчката граѓанска војна доселените Грци од Зеленград се здружувале во банди кои пљачкосувале по околните македонски села, особено во соседното Калевишта. Населението на селото, од своја страна, се засолнило во побезбедните села. Голем дел од селаните решиле да не се вратат по војната, а две деца од Зеленград се испратени во странство како деца-бегалци.[7] Поради оваа ситуација, населението на селото се смалило на 55 жители во 1951 и 48 жители во 1961 г.[3] Поради оскудноста на почвата, дел од жителите решиле да се преселат во побогатите напуштени македонски села и во градот Костур, така што во 1971 г. населението се смалило на 27 жители, а во 1981 г. на само 16. Во следното десетлетие населението значајно се зголемило, бележејќи 58 жители на пописот во 1991 г.[3], но повторно почнало да опаѓа, смалувајќи се на 42 лица во 2001 и само 6 лица во 2011 г.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads