Калевишта

село во Нестрамско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Калевишта
Remove ads

Калевишта (дијалектно: Калевишча грчки: Καλή Βρύση, Кали Вриси; до 1928 г. Καλέβιστα, Калевиста[2]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање селото било наполно македонско.[3]

Кратки факти Калевишта Καλή Βρύση, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 25 км југозападно од градот Костур. Лежи на надморска височина од 1.180 м во северното подножје на планината Алевица. Растојанието од последната куќа до албанската граница изнесува само 300 м. Има добра положба со панорамска глетка кон Костурската Котлина и долината на реката Девол во Албанија. Во северниот дел на селото тече потокот Рекичко (Ρακίτσκο), а во јужниот тече Коцоборе (Κοτσομπόρε).[4]

Remove ads

Историја

Во Отоманското Царство

Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. како Калувиште со 16 семејства.[5]

Првата црква во селото е „Св. Атанасиј“, изградена во 1710 г., за што сведочи заѕиданата камена плоча.[4] На крајот на XIX век Калевишта било село во Рупишката нахија на Костурската каза. Традиционално селото гравитирало околу соседното големо село Јановени и се вбројува меѓу петте „јановенски села“.[3] Храмот „Св. Димитриј“ е подигнат во 1860[6] или во 1865 г. Селото имало 80-90 куќи и не надминувало 500 жители (70 семејства), кои се занимавале претежно со дрварство, земјоделство, ѕидарство и сточарство. Селото имало 150 хектари обработлива земја.[4] Жителите биле познати градители и като такви оделе на печалба во Горица (Корча), Костур, Солун и Лариса.[7]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Калевиста (Καλέβιστα) имало 150 жители христијани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калевишта имало 455 жители Македонци христијани.[9][10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калевишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[11]

На почетокот на XX век жителите на Калевишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија, и во него правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 400 македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.[12]

Грчка статистика од 1905 г. вели дека селото имало 400 жители.[13] Според Георги Константинов Бистрицки Калевишта пред Балканските војни имало 75 македонски куќи.[14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Калевишта има 55 куќи на Македонци христијани.[15]

Во Грција

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 443 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 368.[3]

Во 1928 г. селото е преименувано во Кали Вриси (во превод убава чешма).[16]

Во 1928 г. Калевишта имало 392 жители[3] од кои само еден грчки дојденец.[17] Во истата 1928 г. во селото е изградено првото основно училиште. Во 1920-тите во селото имало 4 чешми, 2 училишта, 2 цркви, 3 параклиса, 1 мелница за брашно, жандармерија и граничен премин.[4]

За време на Втората светска војна италијанската војска бомбардирала позиции во селото, наполно уништувајќи ги црквата „Св. Атанасиј“, училиштето и црквата „Св. Ахил“ на Алевица.[4] „Св. Ахил“ е изградена од селанецот Гине и уништена од Италијанците на 28 октомври 1940 г.[7]

За време на Граѓанската војна селото силно настрадало — загинале 25 жители, 174 лица пребегале во источноевропските земји, некои во НР Македонија, а останатите се раселиле во околните полски села.[3] 48 деца се изнесени од државата како деца-бегалци.[18]

По војната дел од жителите се вратиле во селото и го обновиле. Меѓутоа, во 1950-тите грчката власт насила го раселила.[3] Во 1953 г. неговиот атар е приклучен кон атарот на Ревани, а во 1961 г. е официјално отпишано.[3]

На почетокот на XXI век во селото имало околу 20 градби.[4] На пописот од 2001 г. во Калевишта се забележани 67 жители, но во 2011 г. селото немало ниеден жител.

Судбини на жителите

На овој список се имињата на главите на 65 семејства (351 лице) кои живееле во Калевишта во 1940 г. Даден е бројот на членови на секое семејство и што се случило со нив по Граѓанската војна. На списокот нема евиденција колку и кои лица потоа се доселиле во НР и СР Македонија, а кои засекогаш останале во странство (освен оние кои веднаш пребегале таму).

Повеќе информации Семејствата во Калевишта во 1940 г. и нивните судбини по Граѓанската војна, Глава ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Ахилеја Попјанев (1918 – 2014) — комунистички деец
  • Васил Христовски (1912 – 1948) — комунистички деец[20]

Литература

  • Παπαϊωάννου, Αχιλλέα Ι (1994). Η Καλή Βρύση στο πέρασμα των αιώνων. Θεσσαλονίκη: Αυτοέκδοση.
  • Μιχάλης, Ράπτης Αλ (1997). Τα μαρτυρικά Γραμμοχώρια της Καστοριάς (Σλίμνιτσα, Μονόπυλο, Γιαννοχώρι, Λειβαδοτόπι, Καλή Βρύση). Αθήνα: Ιδιωτική Έκδοση.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads