Зелениче

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Зелениче
Remove ads

Зелениче или Зеленич (грчки: Σκλήθρο, Склитро; до 1927 г. Ζέλενιτς или Ζελενίτσι, Зелениц, Зеленици[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 532 жители (2011), од кои преку две третини се Македонци.[3]

Кратки факти Зелениче Σκλήθρο, Земја ...
Thumb
Куќи во Зелениче.
Remove ads

Географија

Селото е сместено на 51 км југоисточно од Лерин (18 км по воздушна линија),[3] 5 км југозападно од Ајтос и 3 км западно од езерото Зазерци. Лежи во котлината во подножјето на Керечка Планина, која е огранок на Вич. Крај него минува главниот пат од Суровичево за Костур преку с. Клисура.

Историја

Во Отоманското Царство

Зелениче е едно од најстарите села во подрачјето и датира од околу 1300 г. Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. под името Желенич.[4]

Во XIX век Зелениче е големо мешано македонско-турско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Зеленич како македонско село.[5][6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Зеленич (Zélénitch) било село со 450 домаќинства од 628 жители Македонци и 650 жители муслимани.[7][8]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Зелениче:

Селото Зелениш кое лежи во правец на Невеска е сместено на рамно место со 30 муслимански и 60 македонски куќи. Данокот на првите е 4.100 пијастри, а на вторите 9.200 пијастри и инание-аскерие од 4.980 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и други дејности. Во петок има пазар.[7][9]
Thumb
Стара куќа во Зелениче.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зелениче имало 1.800 жители Македонци, 500 жители Турци и 72 Роми.[7][10] На почетокот на XX век во Зелениче работеле и бугарската и грчката пропаганда. Мнозинството од христијанските жители на Зелениче биле под врховенството на Бугарската егзархија. Според грчки податоци, на почетокот на векот во селото имало 150 семејства муслимани, 150 семејства под егзархијата и 65 под Цариградската патријаршија. Во август 1902 г. патријаршиските семејства се свеле на 23, а подоцна на 15. На 2 мај 1903 г. во борба во месноста Црна Вода се убиени четниците Стефан Которчев, Васил Которчев, Михаил Колинов, Јанко Чавков и Петре Масин. Во самото село се убиени селаните Георги П. Боглев, Геле Нанов и Христо Динев, а на 16 август е убиен и четникот-илинденец Дине Нанчов[11].

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 1.656 Македонци под егзархијата, 192 Македонци под патријаршијата и 102 Роми християни; во селото работеле две бугарски и едно грчко училиште.[12] Учители во бугарските училишта во Зелениче биле Б. Типев, Г. Дрндаров, Л. Дукова, А. Христова и Б. Карамфиловиќ[13]. Во 1907 г. во Зелениче имало македонска црква со двајца свештеници.[14] Цариградскиот револуционер Христо Силјанов напишал за Зелениче:

Thumb
Камбанаријата на црквата „Св. Ѓорѓи“.
Зелениче е убаво, големо печалбарско село, кое не личи на мариовските. Во куќите чувството е речи градско. Многу од мажите носат панталони. Питоми, восприемчиви, гостопримливи луѓе.[15]

Во септември 1910 г. селото настрадало во наразоружителната акција на младотурците.[16]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 2.232 жители, а во 1920 г. броело 2.219 лица.[3] Во 1923 г. по сила на Лозанскиот договор, турските жители на Зелениче се иселени во Турција (вкупно 1.100 лица од 170 семејства). На нивно место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија, Источна Тракија и Кавказ. Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано (македонско-дојденско) со вкупно 1.347 жители[3] 379 (87 семејства) биле грчки дојенци, а останатите Македонци.[17] Во 1927 г. властите го преименувале селото во Склитрон.[18] По податоци на жандармериските власти, во 1932 г. во Зелениче имало 353 македонојазични семејства, од кои 326 со сопствена национална свест.[19]

Thumb
Поглед на селото кон Вич.

Во 1940 г. Зелениче броело 1.342 лица,[3] но во Граѓанската војна го напуштиле 58 семејства, од кои 28 се преселиле во Р Македонија, а 30 во источноевропските земји.[3] Со тоа, во 1951 г. населението се намалило на 1.153, а во 1961 г. на 1.084 жители. Во 1960-тите селото го зафатило бран на иселување во прекуокеанските земји и селото продолжило да се намалува.

Remove ads

Цркви

Селото ги има следниве верски објекти:[20]

  • Св. Димитриј“ — гробишна црква од 1864 г.
  • Св. Ѓорѓи“ — црква од 1867 г.
  • „Живототворен извор“ (изворно „Св. Петка“) — параклис на рид над селото

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Главни производи на селото се детелината, компирот и сточарските преработки.[3] Во август секоја година се одржува Компиријада.

Личности

Родени во Зелениче
Thumb
Кочо Цонката
Thumb
Фоте Кирчев
  • Васил Костов – Кокошката — револуционер од ВМРО[21]
  • Васил Христов (1893 – 1963) — општественик, деец на Македонската федеративна организација (МФО)
  • Георги Гизов (1905 – ?) — педијатар и универзитетски предавач во Бугарија
  • Георги Мицарев — просветен деец, учител во Прекопана[22] и Тиквеш, свештеник во Тракија[23]
  • Димитар Мицаров (Отец Крчовски) — просветен деец, свештеник и револуционер, учесник во Охридскиот заговор [24]
  • Кочо Цонков (1866 – 1906) — ајдутин и револуционер
  • Лазар Бицанов — револуционер
  • Стефан Димитров (1876 – 1905) — револуционер
  • Стефан Николов - Калфата — револуционер
  • Фоте Кирчев (1875 – 1956) — револуционер, деец на ВМРО
  • Стив Плијакес — американски и канадски стопанственик, хуманитарец и битен деец во македонската заедница во тие земји. Претседател на организацијата „Обединети Македонци“.[25]
Починати во Зелениче
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads