Зигош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зигош (грчки: Ζυγός) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 15 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 78 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1100 Турци[2].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 305 грчки семејства со 1518 лица[3]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1518 лица, додека во 1940 година селото броело 2069 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 2230 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1993 жители, во 1971 година имало 1462 жители, во 1981 година имало 1530 жители, додека во 1991 година имало 1419 жители[4]. Денеска, населението на селото е 2057 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads