Златари
село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Златари — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.
Remove ads
Географија и местоположба
Златари — село во областа Преспа. Од градот Ресен е оддалечено 5 км. Соседни села се Кривени од север, од североисток со Смилево, од југоисток со Сопотско, и од југ и југозапад со Ресен и Јанковец.
Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. Во 1903 година, комити од Златари имаат загинато во борби против османлиската војска.
На 6 јули 1942 година, над Златари, на планината Бигла бил создаден партизанскиот одред „Даме Груев“. Жители на Златари кои учествувале во НОБ се Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) и Наум Веслиевски - Овчарот. На 2 декември 1943 година, во Златари, баталјонот „Мирче Ацев“ одржал политички состанок.
Remove ads
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Златари живееле 370 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Златари имало 432 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Златари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 72 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 100 Турци.[5]
Селото имало 290 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 124 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 118 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Златари е македонско село.
Родови во селото се: Видановци (Стојановци), Гајтановци, Головодовци, Митевци, Недановци, Нечовци (Нелковци), Поповци, Пупалевци, Павловци и Тозиовци.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Поповци (7 к.), Головодовци (5 к.) и Гајтановци (3 к.)
- Доселеници: Митевци со Тозиовци (14 к.) доселени се од некое село во Охридско (некои велат од Лактиње во Дебрца); Недановци (11 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Нечовци и Нелковци (18 к.) исто така доселени се од селото Боиште; Пупачевци и Манговци (12 к.) доселени се од маалото Баир во Битола.[13]
- Стара куќа во северниот дел на селото
- Куќа во северниот дел на селото
Remove ads
Општествени установи

- ПОУ „Мите Богоевски“ - вонфункционално основно училиште
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости

- Цркви[16]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Никола“;
- Црква „Св. Атанасиј“;
- Спомен обележја
- Спомен куќа на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“
- Спомен плоча на состанокот на баталјонот „Мирче Ацев“ во Златари
- Спомен чешма во чест на Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко
- Бисти на Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко и Наум Веслиевски - Овчарот
- Споменик посветен на паднатите месни комити во 1903 година
- Спомен куќата на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“
- Спомен плочата на куќата во која бил одржан состанокот на баталјонот „Мирче Ацев“
- Спомен чешмата
- Бистите
- Илинденскиот споменик
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Слатина — населба од доцноантичко време;
- Далечна Црква — црква и некропола од средниот век;
Remove ads
Редовни настани
Личности
- Крсте Ангеловски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Андрија Трајчев Гајтановски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Никола Нонев Доковски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Нанчо Минцев Котев — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Георги Митрев Недановски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Јован Трајчев Поповски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) - учесник во НОБ
- Наум Веслиевски - Овчарот (1921-1972) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ и АСНОМ
- Трајанка Ташкова Веслиевска (1926-) — учесник во НОВ на Македонија
Remove ads
Култура и спорт
Иселеништво
До 1949 година од селото има иселеници во Јужна и Северна Америка (осум семејства), Бугарија (две семејства), Ресен (четири семејства), Скопје (едно семејство), Битола (едно семејство) и во Турција (едно семејство).[13]
Галерија
- Улица во северниот дел на Златари
- Улица во северниот дел на Златари
- Улица во северниот дел на Златари
- Улица во средишниот дел на Златари
- Улица во јужниот дел на Златари
- Улица во јужниот дел на Златари
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads