Злокуќани (Битолско)
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Злокуќани — раселено село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено во пазувите на Баба Планина, со највисокиот врв Пелистер.
- За други значења видете Злокуќани (појаснување)
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа под пазувите на Баба планина, југозападно од Битола.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злокуќани живееле 500 жители, сите Албанци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Злокуќани се води како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 94 куќи.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото имало 394 жители, кои тој ги запишува како Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[6]
Селото броело 23 жители во 1961 година, додека во 1994 година има само 20-тина жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Злокуќани немало жители.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Злокуќани било албанско село.
Родови во селото биле: Љаме (3 куќи), Цаме (7 куќи), Кече (5 куќи), Пале (3 куќи) и Астафе (1 куќа) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија (областа Мат). Во родот Љаме се знае следното родословие: Рамадан (жив на 50 г. во 1950-тите) Шабан-Камбер-Селман-Алија-Ислам, предокот кој се доселил. Во родот Цаме се знае следното родословие: Елмаз (жив на 56 г. во 1950-тите) Фазли-Сали-Адем-Фазли-Цаме, предокот кој се доселил.[12]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 157 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Сртот — населба од железно време;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Голем број на населението од Злокуќани се има иселено во Битола (во населбата Кленовец) и во Турција (во разни села и градови).[12]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads